Автор Тема: Олдтајмери..  (Прочитано 468718 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2100 на: 21 Август 2015, 01:44:05 am »
Јас мислам дека е правилно тоа што се строги стандардите.

Никој не ти забранува да си правиш издркотина од кола и да си ја возиш низ двор. Меѓутоа за да се вклучи во сообраќај, нормално треба да исполнува строги стандарди. Сите возила кои се денес во производство и пуштени во продажба треба да исполнуваат строги критериуми и стандарди.

Атестирање на некое модифицирано возило кое не е детално испитано и без запазување на стандарди, претставува опасност за сите учесници во сообраќајот.

Тие атестите за боци, расплињачи, дизни се доказ дека компонентите се изработени по некој стандард, дека се тестирани и дека правилно ќе ја вршат работата во текот на нивната експлоатација.

Не е само фати брусилката, сечи, тури 2 профили - протреси ја колата - ќе држи ова, нема гајле.


Бузуки, мој совет ти е да го реставрираш Фиќото и да го вратиш во фабричка состојба доколку толку ти е мерак. Не си ја барај бељата и не се прави со сила конструктор на возила, тоа е посебна наука, која ние овде баш и не ја разбираме. Освен тоа, преправено Фиќо кабрио е невидена издркотина.

и јас реков дека треба да има строги стандарди и контроли.. ама не на ова ниво на кое сега се бара.. ова е престрого...

еве пример како може и како функционира едно нешто на кое се прави атест... сум бил и присуствувал на тоа на машински...

значи, има типче кое се бави со преправка на големи комбиња во мини бусеви.. есапот му вели дека заќарува некои си 15-20% од истата сума... е сега, за разлика од многу други, он тоа го прави комплетно легално... за секое комбе, во процесот на атестирање иде точно 3 пати на машински факултет... прво е сечењето на бочните лимови за да се стават прозори и секако појачување на таа конструкција за безбедносни мерки од аспект дека сега више луѓе ке бидат таму а не вреќи со грашак или ориз...

следниот чекор е поставување и укрутување на конструкција на која ке се прицврстат седиштата...
па тек после се прави последниот атест откако ке се склопи цело возило...

ако може ова вака да фукнционира за овој тип на преправки, зашто да неможе и за возило кое се преработува од обично во кабрио?

1.кажи ми ти какво појачање треба?
2.такво и такво, ама пред да спакуваш се со маски и лимови, ке донесеш да видам што си направил...
1.нема проблем, почнувам, и после 10 дена му го носам на прва контрола
2.ок добро ти е направено, сега можеш да маскираш и затвараш со тапацири и лимови, се гледаме на финалниот атест... или: не ти е добро, ке треба да додадеш/преправиш ова и ова, па ке дојдеш пак да видам и проверам (успат и сликам за докази), па после ке дојдеш и трет пат за финален атест.


толку е едноставно, поготово што комплетно се подудара со начинот и контрола на преправка од еден на друг тип возило...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2101 на: 21 Август 2015, 10:34:39 am »
Nemoze toj na masinski od oko da ti kaze dali e dobro ili ne. Dali oni imaat dokumenti/tehnologija spored koi kje ti kaze dali e dobar varot i dali e dobro postaven profilot?

I jas sum se interesiral za modifikacija na vozilo ama kako on kje ja proveri izdrzlivosta na voziloto? Kako kje utvrdi deka ima premnogu ili premalku zelezo?

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14708
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2102 на: 21 Август 2015, 11:10:11 am »
Пробелмот кај нас е што немаш технички правилник за секое возило како треба да е изработено. Пример немаш правилник како се прави кабрио од Буба и од Југо. Два различни типови на коли. Едната е самоносечка каросерија, другата е монтажна школка.

Овие дечки знам дека имаат искуство https://www.facebook.com/pages/%D0%90%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%9D%D0%B0-%D0%92%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B0/1374846769495350?fref=ts
и имам разговарано со нив и се прилично упатени и знаат да сослушат и прифаќаат аргументи.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2103 на: 21 Август 2015, 12:02:51 pm »
Додека се правеше а-тест само на Машински и под капата на Соколов, многу побезбедни возила се возеа низ град.
Откако дозволија да се врши а-тест кој каде стигне, почна да се вози све и свашта и да пукаат плински боци по семафори и слично.

Соколов следи правила и прописи (што не ги напишал сам дома) и се држи строго до нив како што се прави во секоја нормална Европска држава.
Тоа што ние сме научени се’ да ни пројде така, без контрола или за литро виски, тоа е наш проблем, не е проблем на Соколов, Машински или правилата и прописите кои ги донеле институциите.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2104 на: 21 Август 2015, 12:10:01 pm »
Соколов следи правила и прописи (што не ги напишал сам дома) и се држи строго до нив како што се прави во секоја нормална Европска држава.
Тоа што ние сме научени се’ да ни пројде така, без контрола или за литро виски, тоа е наш проблем, не е проблем на Соколов, Машински или правилата и прописите кои ги донеле институциите.

Problem e, zatoa sto koga go prasav dali on spored tehnicki nacrt na voziloto koe sakam da go izrabotam moze da mi se izdade atest on mi vika deka atest dava na vozilo a ne na slikicki. Epa bate izvini ama toa e isto kako odobrenie za gradba. Ako neznae spored crtez da odobri atest ili ne jebiga, do nego e problemot.

Inaku potpolno se soglasuvam da ima rigorozni merki za atest na vozila.

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8001
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #2105 на: 21 Август 2015, 17:41:40 pm »
Видете, точно проблемот не е до Соколов туку проблемот е во книгите од каде што Соколов ги чита правилата. Кога тие книги од 1903 ќе ги заменат со нови сите проблеми ќе се решат.

Еве еден пример:

Комшија купува нов камион ман од Германија и не му дозволуваат да го внесе во Мк без да помине на машински. Го носи на машински и Соколов му бара некои заштитни лонци за издувите. Комшијава палење патиките и дирекно отишол во ман да бара лонци. Му се изнасмеале и се врати цел скиселен со одговор дека такви лонци не се користат повеќе од 50 години.  Инаку и Соколов ми е комшија па му го донесе на другиов комшија да го прочита правилникот.
Па после комшијава бараше човек што може да му ги изработи за да може да си го увезе камионот.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2106 на: 21 Август 2015, 18:07:12 pm »
Имам порано пишено во врска со Соколов и да не се повторувам ама јас конкретно видов многу мака,многу пари и многу време и нервози изгубени.Но покрај мене дур се тинкав со него видов се и сешто како поминува,така да дека се држел до ова она не е баш на место,ама дека ке те врати едно 10 пати тоа сигурно па ако сака и ново возило од салон однеси на а-тест. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг:
« Одговори #2107 на: 22 Август 2015, 00:24:53 am »
Да знаеш само како ги врати од МакКар кога го донесоа БеЕмВе 1-ецот :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2108 на: 22 Август 2015, 00:30:15 am »
Па сеа...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2109 на: 24 Август 2015, 02:34:00 am »
Додека се правеше а-тест само на Машински и под капата на Соколов, многу побезбедни возила се возеа низ град.
Откако дозволија да се врши а-тест кој каде стигне, почна да се вози све и свашта и да пукаат плински боци по семафори и слично.

Соколов следи правила и прописи (што не ги напишал сам дома) и се држи строго до нив како што се прави во секоја нормална Европска држава.
Тоа што ние сме научени се’ да ни пројде така, без контрола или за литро виски, тоа е наш проблем, не е проблем на Соколов, Машински или правилата и прописите кои ги донеле институциите.

извини вака, ама не сум чул до сега боца на некого да му експлодира, откако и други прават атести... дај посочи релевантен извор-линк на кој стои дека БОЦАТА САМА ЕКСПЛОДИРАЛА... не да биде тоа пожар, се запалила колата па пукнала боцата, или пукале во нејзе со пиштол-пушка итн итн... да видиме доказ дека БОЦАТА САМА ОД СЕБЕ ПУКНАЛА...

втора работа.. кога сме веќе кај следењето на правилата од соколов... правилата што он наводно ги следи, се правила што он нај често и ги кажал/напишал... не идеме подалеку, фијат пунто. уште пред 15+ години, од италија почнаа да излегуваат пунтовци со ФАБРИЧКИ вграден плински уред... замисли ти, тој уред неможеше да се атестира, бидејки, цитирам:

ТИЕ ПЛИНСКИ УРЕДИ, НЕ ПРОАЃААТ СПОРЕД НАШИТЕ СТАНДАРДИ.

завршен цитат... алоооо НАШИТЕ стандарди...

истиот цитат го добив и 10-тина години покасно кога се обидов ЦНГ уредот да го атестирам на претходното волво... замислете, соколов е попаметен и подобро знае како треба да биде изведен плински и цнг уред во возилата ОД ЦЕЛ ФАКИНГ ТИМ на производствена линија во фијат и волво/сааб... еден куп инжинери работеле на тој проект, ама нееее, он знае подобро од сите нив, он бил закон за возила и имал овластувања... па точно поради него еден куп луѓе возеа без атести и стравуваа од (и добиваа) казни.. заради него, ни се уназади државата по тоа прашање, поготово за инсталација и користење на цнг уреди.. тој го закочи проектот за кабрио возило во мк...

ако не сте знаеле, време е да дознаете дека господинот соколов, сето тоа ГО ПРАВЕШЕ ЗА ПАРИ, бидејки покрај тоа што беше регуларно вработен во машински факултет (плата, стаж, пензиско се платено од машински), имаше МРСНА провизија ОД СЕКОЈА УПЛАТА ЗА АТЕСТ на било што кај него, а на дневна база имаше преку 20 возила барем за атест на плински уреди... и тој сите тие зврчки ги направи да бидат комплетно тешко изводливи за други атестни фирми да не се ни осудат да пробаат да бараат лиценци... и иако бараа СО ГОДИНИ соколов успеваше да ги одбие на свој начин преку пријатели, убедувјки ги истите дека ке направат ХАОС околу атестите...

многу ми е мило, што му се сруши империјата на истиот... со оглед на годинките што ги има, ке да се раатисаме набрзо од него целосно и ке замине во историјата исто како книгите од времето на тито, од кои он “ги спроведува“ правилата...

во која земја и да појдеш низ европа, СЕКАДЕ има производство на каст’м возила и мотори кои проаѓаат на атест.. само кај нас неможеш ни приколка за автомобил да атестираш иако е направена со подебели и поцврсти носачи од било која фабрика што се бави професионално со тоа...
« Последно менување: 24 Август 2015, 18:08:59 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8001
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #2110 на: 24 Август 2015, 10:32:36 am »
Онак многу си во право. Тие куќи т.е палати што ги има направено не се од плата. Сега на син му му купи голф 7ца.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2111 на: 24 Август 2015, 11:03:46 am »
@onak

1. Не ти доликува на годините да се обраќаш кон постар човек како што се обраќаш, нема ни да те цитирам. (да расчистам со Соколов ниту сум во роднинска врска ниту слично па да треба да го бранам, сум бил присутен на пар атести и така сум го запознал.)

2.
Цитат
втора работа.. кога сме веќе кај следењето на правилата од тој КУ*ОПУШАЧ соколов... правилата што он наводно ги следи, се правилаш што он нај често и ги кажал/напишал... не идеме подалеку, фијат пунто. уште пред 15+ години, од италија почнаа да излегуваат пунтовци со ФАБРИЧКИ вграден плински уред... замисли ти, тој уред неможеше да се атестира, бидејки, цитирам:

ТИЕ ПЛИНСКИ УРЕДИ, НЕ ПРОАЃААТ СПОРЕД НАШИТЕ СТАНДАРДИ.

Нашите, Македонските стандарди се прават во согласност со Европските. За да се усвои одреден Европски стандард, тој треба да се преведе (да помине време), да се усогласи со постоечкиот, Македонски. Возилата кои се увезуваат во Македонија (нови/половни) подлежат на хомологација. Доколку некое Пунто 15+години старо, пред 15+ години кога било актуелно му се направила типска хомологација од тогашниот увозник во Македонија, тогаш немало да има проблем да се атестира ни тука. Но, му текнало на некој да го увезе на своја рака и да не плати поединечна хомологација и потоа Соколов и Машински се криви.

Сакал ти или не, наш стандард постои. И сакал или не оној што работи по закон и пропис треба да го почитува.
Соколов сам ги кажал, напишал .... бог да чува..

Ај пак ќе го спомнам примерот со BMW1.
Кога го донесоа за првпат Кецот во Македонија, не помина хомологација. Заради Соколов? Да. Затоа што не беше по наши стандарди. За првпат во Македонија беше донесено возило за хомологација кое што немаше резервно тркало туку сет за самовулканизирање. Нашиот стандард велеше дека секое возило МОРА да има резервно тркало.
Е што сеа ние сме биле попаметни од Германците. Не, туку нашиот стандард не беше прилагоден соодветно со европскиот.
Кој сносеше одговорност? Одговорниот од МакКар, не Соколов, затоа што донесол возило за хомологација кое не ги задоволува постоечките стандарди.


3.
Цитат
истиот цитат го добив и 10-тина години покасно кога се обидов ЦНГ уредот да го атестирам на претходното волво... замислете, соколов е попаметен и подобро знае како треба да биде изведен плински и цнг уред во возилата ОД ЦЕЛ ФАКИНГ ТИМ на производствена линија во фијат и волво/сааб... еден куп инжинери работеле на тој проект, ама нееее, он знае подобро од сите нив, он бил закон за возила и имал овластувања...

Истото е и тука. Тебе ти е Соколов крив што ние не сме имале регулатива за атестирање на ЦНГ уреди. Ако добро се сеќаваш, први и единствени возила кои кај нас се конвертираа на ЦНГ беа неколку автобуси на ЈСП.
Ти бар треба да знаеш дека ниту имаше овластен сервис ниту пак каде може да наточиш гориво за тој уред. Како сакаш да ти се потшише Соколов на документ за кој што не може да гарантира односно одговара?
Или ај бе Волво е тоа, шведските инжињери мислеле и за нас. Никој не вели дека возилото не било исправно или дека тоа што било направено во Волво не било направено по стандард, но тие стандарди треба да се во согласност со нашите.

Нај банален пример, до пред 2 години не можеше кај нас да се увезе кола од Америка. Во добар дел европски држави можеше, во Хрватска можеше. Еве сега и кај нас направија прилагодување.

4.
Цитат
ако не сте знаеле, време е да дознаете дека господинот соколов, сето тоа ГО ПРАВЕШЕ ЗА ПАРИ, бидејки покрај тоа што беше регуларно вработен во машински факултет (плата, стаж, пензиско се платено од машински), имаше МРСНА провизија ОД СЕКОЈА УПЛАТА ЗА АТЕСТ на било што кај него, а на дневна база имаше преку 20 возила барем за атест на плински уреди... и тој сите тие зврчки ги направи да бидат комплетно тешко изводливи за други атестни фирми да не се ни осудат да пробаат да бараат лиценци... и иако бараа СО ГОДИНИ ку*опушачот успеваше да ги одбие на свој начин преку пријатели, убедувјки ги истите дека ке направат ХАОС околу атестите...

Онак, ти работиш од љубов?
Не работиш за пари?

Не знам колкава провизија имал и дали имал, но сум сигурен дека и те како требало да има МРСНА провизија. За да работи по пропис, а не да се продаде за 2 литра Кока-Кола и бискрем под маса. Само добро платен работник ќе си ја сработи работата професинално, ти бар треба тоа да го знаеш.

И за жал, кога ги убедувал сите дека ќе направат ХАОС околу атестите, бил во право.

5.
Цитат
многу ми е мило, што му се сруши империјата на истиот... со оглед на годинките што ги има, ке да се раатисаме набрзо од него целосно и ке замине во историјата исто како книгите од времето на тито, од кои он “ги спроведува“ правилата...

Многу грешна представа имаш. Империјата е Машински Факултет Скопје, каде главен одговорен за атестирање е Соколов. Тој можеби ќе отиде во пензија, но знаејќи кој го наследува, малку потешко дека „ќе се сруши империјата“. За нечива среќа може сега да се прават атести и кај Гиго у шупа, па да не се бараат виновници кај оние што го прават атестот. (и јас правев атест на затемнети стакла, не го правев на МФС)

6.
Цитат
во која земја и да појдеш низ европа, СЕКАДЕ има производство на каст’м возила и мотори кои проаѓаат на атест.. само кај нас неможеш ни приколка за автомобил да атестираш иако е направена со подебели и поцврсти носачи од било која фабрика што се бави професионално со тоа...

Кој е виновеш што кај нас нема легислатива за производство за каст’м возила и мотори?
Тој што треба да ја донесе и спроведе или оној што треба да удру печат дека возилото е атестирано?

Не можеш да атестираш приколка ако не е по пропис па ако сакаш на глава дуби. Се знае таа приколка што се треба да задоволи за да излезе во сообраќај. Таа приколка, таа кука за приврсување на приколката може утре да утепа некој, да зацрни фамилии. Или што, ќе отидам јас и ќе кажам абе види какви носачи сум му ставил, дупли вар сум му ставил...


Едно нешто забораваш, односно кај нас тоа е мислена именка. ОДГОВОРНОСТ.
Тој атест е гарант, ОДГОВОРНОСТ, дека атестираното нешто ќе функционира и дека ги задоволува стандардите кои се пропишани. За тоа ливче хартија, тој што ќе потпише и ќе стави печат, треба да одговара.

Тебе и на многу други тоа им е тешко да го сватат и секогаш ќе ја го вперуваат прстот на другата страна, па дури и ќе се однесуваат со навредливи зборови кон нив по форуми.
Зошто? Затоа што некој си ја работел работата како што треба.


П.С. Во петокот колега да работа бил да ја регистрира колата. Корса 15 години стара. Му мереле издувни гасови и на дозволено 0,7 му измериле 7,8. Ама му пишале дека задоволува и му кажале да си ја смени ламбда сондата. Толку од одговорноста на техничкиот преглед „по наши стандарди“.

Онак многу си во право. Тие куќи т.е палати што ги има направено не се од плата. Сега на син му му купи голф 7ца.

Кај да е сега и извод од банка ќе му извадите на човекот. Голф му купил, од кај му се парите, на лизинг или во кеш му го зел, а викендицата...
Македонштина.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2112 на: 24 Август 2015, 11:28:04 am »
Marjan izvini, ama ako go vidi sokolov tvojov post kje ti go ispusi pred site! Koj e toj standard sto go iame nie u MK a go nemaat u Evropa ili Amerika i ostali svet pa sokolov da kazuva dali moze da pomine ili ne?? Po JUS standardi on atestira vozila?  Za kakvi ebani legislativi zboris ti be coek? Custom kola se prai so PROEKT! Zelezoto e isto tvrdo i kaj nas i vo cel svet! Ne go brani volot, nema smisla...

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2113 на: 24 Август 2015, 11:43:08 am »
Аман бе со пушењево, нели деца има човекот.
Нашиот е МКС, http://www.isrm.gov.mk/
Не е дали го имаат во Европа, туку дали нашиот е прилагоден со тој на Европа.
Не го бранам „волот“, го бранам начинот на работа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2114 на: 24 Август 2015, 11:52:13 am »
I'm with marjanot on this one. Можеби Соколов не работи онака како што ние сакаме, ама си работи според македонските прописи. Тоа што нашите прописи не се во согласност со интернационалните, тоа е проблем чие решение треба да се бара на друго место. Кога нашите прописи ќе бидат во согласност со интернационалните, сигурен сум дека Соколов ќе го апдејтира својот начин на работа и ќе работи според нив.

As simple as that.