@onak
1. Не ти доликува на годините да се обраќаш кон постар човек како што се обраќаш, нема ни да те цитирам. (да расчистам со Соколов ниту сум во роднинска врска ниту слично па да треба да го бранам, сум бил присутен на пар атести и така сум го запознал.)
2.
втора работа.. кога сме веќе кај следењето на правилата од тој КУ*ОПУШАЧ соколов... правилата што он наводно ги следи, се правилаш што он нај често и ги кажал/напишал... не идеме подалеку, фијат пунто. уште пред 15+ години, од италија почнаа да излегуваат пунтовци со ФАБРИЧКИ вграден плински уред... замисли ти, тој уред неможеше да се атестира, бидејки, цитирам:
ТИЕ ПЛИНСКИ УРЕДИ, НЕ ПРОАЃААТ СПОРЕД НАШИТЕ СТАНДАРДИ.
Нашите, Македонските стандарди се прават во согласност со Европските. За да се усвои одреден Европски стандард, тој треба да се преведе (да помине време), да се усогласи со постоечкиот, Македонски. Возилата кои се увезуваат во Македонија (нови/половни) подлежат на хомологација. Доколку некое Пунто 15+години старо, пред 15+ години кога било актуелно му се направила типска хомологација од тогашниот увозник во Македонија, тогаш немало да има проблем да се атестира ни тука. Но, му текнало на некој да го увезе на своја рака и да не плати поединечна хомологација и потоа Соколов и Машински се криви.
Сакал ти или не, наш стандард постои. И сакал или не оној што работи по закон и пропис треба да го почитува.
Соколов сам ги кажал, напишал .... бог да чува..
Ај пак ќе го спомнам примерот со BMW1.
Кога го донесоа за првпат Кецот во Македонија, не помина хомологација. Заради Соколов? Да. Затоа што не беше по наши стандарди. За првпат во Македонија беше донесено возило за хомологација кое што немаше резервно тркало туку сет за самовулканизирање. Нашиот стандард велеше дека секое возило МОРА да има резервно тркало.
Е што сеа ние сме биле попаметни од Германците. Не, туку нашиот стандард не беше прилагоден соодветно со европскиот.
Кој сносеше одговорност? Одговорниот од МакКар, не Соколов, затоа што донесол возило за хомологација кое не ги задоволува постоечките стандарди.
3.
истиот цитат го добив и 10-тина години покасно кога се обидов ЦНГ уредот да го атестирам на претходното волво... замислете, соколов е попаметен и подобро знае како треба да биде изведен плински и цнг уред во возилата ОД ЦЕЛ ФАКИНГ ТИМ на производствена линија во фијат и волво/сааб... еден куп инжинери работеле на тој проект, ама нееее, он знае подобро од сите нив, он бил закон за возила и имал овластувања...
Истото е и тука. Тебе ти е Соколов крив што ние не сме имале регулатива за атестирање на ЦНГ уреди. Ако добро се сеќаваш, први и единствени возила кои кај нас се конвертираа на ЦНГ беа неколку автобуси на ЈСП.
Ти бар треба да знаеш дека ниту имаше овластен сервис ниту пак каде може да наточиш гориво за тој уред. Како сакаш да ти се потшише Соколов на документ за кој што не може да гарантира односно одговара?
Или ај бе Волво е тоа, шведските инжињери мислеле и за нас. Никој не вели дека возилото не било исправно или дека тоа што било направено во Волво не било направено по стандард, но тие стандарди треба да се во согласност со нашите.
Нај банален пример, до пред 2 години не можеше кај нас да се увезе кола од Америка. Во добар дел европски држави можеше, во Хрватска можеше. Еве сега и кај нас направија прилагодување.
4.
ако не сте знаеле, време е да дознаете дека господинот соколов, сето тоа ГО ПРАВЕШЕ ЗА ПАРИ, бидејки покрај тоа што беше регуларно вработен во машински факултет (плата, стаж, пензиско се платено од машински), имаше МРСНА провизија ОД СЕКОЈА УПЛАТА ЗА АТЕСТ на било што кај него, а на дневна база имаше преку 20 возила барем за атест на плински уреди... и тој сите тие зврчки ги направи да бидат комплетно тешко изводливи за други атестни фирми да не се ни осудат да пробаат да бараат лиценци... и иако бараа СО ГОДИНИ ку*опушачот успеваше да ги одбие на свој начин преку пријатели, убедувјки ги истите дека ке направат ХАОС околу атестите...
Онак, ти работиш од љубов?
Не работиш за пари?
Не знам колкава провизија имал и дали имал, но сум сигурен дека и те како требало да има МРСНА провизија. За да работи по пропис, а не да се продаде за 2 литра Кока-Кола и бискрем под маса. Само добро платен работник ќе си ја сработи работата професинално, ти бар треба тоа да го знаеш.
И за жал, кога ги убедувал сите дека ќе направат ХАОС околу атестите, бил во право.
5.
многу ми е мило, што му се сруши империјата на истиот... со оглед на годинките што ги има, ке да се раатисаме набрзо од него целосно и ке замине во историјата исто како книгите од времето на тито, од кои он “ги спроведува“ правилата...
Многу грешна представа имаш. Империјата е Машински Факултет Скопје, каде главен одговорен за атестирање е Соколов. Тој можеби ќе отиде во пензија, но знаејќи кој го наследува, малку потешко дека „ќе се сруши империјата“. За нечива среќа може сега да се прават атести и кај Гиго у шупа, па да не се бараат виновници кај оние што го прават атестот. (и јас правев атест на затемнети стакла, не го правев на МФС)
6.
во која земја и да појдеш низ европа, СЕКАДЕ има производство на каст’м возила и мотори кои проаѓаат на атест.. само кај нас неможеш ни приколка за автомобил да атестираш иако е направена со подебели и поцврсти носачи од било која фабрика што се бави професионално со тоа...
Кој е виновеш што кај нас нема легислатива за производство за каст’м возила и мотори?
Тој што треба да ја донесе и спроведе или оној што треба да удру печат дека возилото е атестирано?
Не можеш да атестираш приколка ако не е по пропис па ако сакаш на глава дуби. Се знае таа приколка што се треба да задоволи за да излезе во сообраќај. Таа приколка, таа кука за приврсување на приколката може утре да утепа некој, да зацрни фамилии. Или што, ќе отидам јас и ќе кажам абе види какви носачи сум му ставил, дупли вар сум му ставил...
Едно нешто забораваш, односно кај нас тоа е мислена именка. ОДГОВОРНОСТ.
Тој атест е гарант, ОДГОВОРНОСТ, дека атестираното нешто ќе функционира и дека ги задоволува стандардите кои се пропишани. За тоа ливче хартија, тој што ќе потпише и ќе стави печат, треба да одговара.
Тебе и на многу други тоа им е тешко да го сватат и секогаш ќе ја го вперуваат прстот на другата страна, па дури и ќе се однесуваат со навредливи зборови кон нив по форуми.
Зошто? Затоа што некој си ја работел работата како што треба.
П.С. Во петокот колега да работа бил да ја регистрира колата. Корса 15 години стара. Му мереле издувни гасови и на дозволено 0,7 му измериле 7,8. Ама му пишале дека задоволува и му кажале да си ја смени ламбда сондата. Толку од одговорноста на техничкиот преглед „по наши стандарди“.
Онак многу си во право. Тие куќи т.е палати што ги има направено не се од плата. Сега на син му му купи голф 7ца.
Кај да е сега и извод од банка ќе му извадите на човекот. Голф му купил, од кај му се парите, на лизинг или во кеш му го зел, а викендицата...
Македонштина.