Законот за данок на МВ вели дека олдтајмер возило не е наменето за возење секој ден, но не дефинира кога смее или не смее да се вози, така да во тој поглед нема ограничување.
Од друга страна во врска со состојбата, напишано е да е технички одржувано, исправно и усогласено со оригиналната конструктивна изведба, оттука и моето прашање дали може да се увезе не реставрирано олдтајмер возило во не-возна состојба.