Нагло забрзување во иста брзина - ако веќе е се потребни перформанси - е глупост. Во моменти кога ти требаат перформанси (да речеме, при претекнување, или во некаква итна ситуација) сигурно ќе се фатиш за мењач и ќе спуштиш брзина.
Сигурно нема да фатиш да претекнуваш на двосмерен пат во несоодветна брзина, (пу-пу) да се деси да се учукаш пошто не си стигнал да претркаш на време, и после тоа да речеш „ех, да убрзуваше подобро колава од 40 до 140 во 5-та, ќе стигнев, немаше да се учукам.“
У принцип - интересна метрика за еластичност на drivetrain (мотор+менувач) е сето тоа, ама во реалност, небитно. Битно ти е можеби ако си возиш лаганица, па мерак ти е да си праиш успори-убрзај-успори-убрзај.