Јас ти го пренесов моето искуство, не алудирав дека ти немаш искуство, само моето искуство вели дека е попаметен избор дизел со аутоматик, отколку дизел со мануелен за секојдневно возење низ град.
Бензинец со мануелен мене ми е поприфалтиво и за ќејф и за низ град, отколку дизел со мануелен кој ми е тотално промашен потег во аутоиндустријата.
За низ град, тргни - застани не коростам ни 60кс без разлика у која кола, само у дизелот ќе мора 16.000 пати почесто да исшалтам, затоа што не вози убаво со 80 у 3-та, а бензинецот можам да го развлечам у таа трета од 20-80 на саат, ако ми треба. Во град, речиси никад не ми треба претицање со газење и макс забрзување, за разлика од отворен пат со две ленти, кај што треба што побрзо да го претицам камионот со приколка.
На крајот, се сведува кој што си сака, јас со моево градско возење, од околу 18-19.000км годишно строго скопска вожња, многу повеќе би сакал да бидам во дизел со аутоматик, отколку во дизел со мануелен.