Многу наметлив е трудов во однос на тоа "ајде сите ставајте DPF на GDI за само 40евра, по можност од производителов што јас ќе ви ја кажам". На неколку пати потенцира дека има мамење во тестовите (божем само производителиве со GDI мотори мамат, па ради тоа успеваат да ги постигнат и еуро 6 нормите), а чесниве дизел тестови ради добра волја ставаат DPF, па све си е у ред. Ме чуди зошто нема објаснување, која е причината за создавање на цестици во однос на MPI (PFI) моториве, a недостасува i директна споредба на 100кс обичен и 100кс GDI мотор, вграден во исто возило. Можеби поради ретката смеса на согорување (ниската температура) се созаваат азотни оксиди, ама не e логично при такво фино прашење на бензинот од 200бари (инјектори со микронски дупки), GDI согорувањето да е еколошки заостанато во споредба со MPI. Целава приказна искрено ми е сомнителна.