Симо има многу основа од термодинамика, математика, па потоа мотори СВС. И јас сум заборавил грото од метеријалот, ама зборење на тема наука (не е ствар на укус или поединечно мислење, туку факти), со крајна цел да се покаже секој дека му е најголем и најречит на тастатура, е типична македонска коперација. Постирајте некој научен труд, мерење, толкување од стручњак, па врз тоа може да дебатираме колку сакате. Ке пробам јас мојот некако да го закачам, кој е склоп, споредба на факти, каде е опишана работата на мотор СВС на бензин со директно впрскување, те. зголемената ефикасност во споредба со обичните 3 бар EFI системи