И ти почна со заебанцииве, јак си нема што
ајде напиши нешто корисно нареден пат.
Стварно не ми е јасно зошто слепи ко стап ги браните едните или другите. Освен стратро кој што вози јак бензинец и самиот кажува објективно какви се предностите и недостатоците сега е смешно дека моќ за во град не ти треба....
Не се заебавам, озбилен сум. Мојата кола конкретно е средножалосна ако не ја пржам во високи вртежи. Ама во исто време не сум осетил некој недостаток на моќ во градска и без високи вртежи. Ако веќе згусне ситуацијата, брзина подоле и кола пољети. И тоа е тоа.
Со дизелот кој го имам не враќам брзина подоле. Но, кога седнам од бензин во дизел, обртомерот брзо ми се полни, па треба почесто брзина погоре.
Ете што убаво си објасни. И сега ако сум марјанот или некој сличен лик треба вицови да смислувам, да се правам експерт или да исмејувам зошто атмо-бензинец не е еластичен на ниски вртежи. Нема смисла...
Тоа што не си осетил недостаток нели е твое мислење и почит за тоа, како што е и моето мислење за возење дизел секојдневно во градски услови за разлика каде што на сите тестови 0-100, максимално убрзување итн. е нешто што мене лично навистина не ме интересира, затоа што 99.9% од времето што го поминувам во автомобил не ја цедам колата до црвено. Се надевам дека ме разбираш. Никој не оспорува ништо ама на темава ако нешто оспориш веднаш наидува на правење некој вид сакрастична заебанција и така се во круг. Имаме различна перцепија што е за тебе подобро/поинтересно кога наеднаш ќе треба да убрзаш, а за мене е нешто сосема друго. Нема потреба да се докажуваме или преку "заебанции" да се правиме паметни.
Марјанот повеќето твои коментари се такви, нешто се смееш од страна, па пробуваш различни методи да докажеш нешто или се потсмеваш. Навистина е жално. Ако може да ми одговориш што е тоа што те тера да бидеш таков конкретно на темава? Да не почнам да постирам твои постови на темава, врие од такви.
Да беше и малку релевантно тоа „забрзување до 3000рпм“, ќе го имаше по тестови и споредби...
Симо, тоа за мене е релевантно зошто јас возам во град и на отворен пат каде што при претекнување ретко возам над 3500рпм. Ако вака зборуваме, до "вчера" 90% од луѓево на форумов не знаеја што е тоа НМ и каква улога игра во забрзувањето. А фактот што такви тестови не постојат е многу прост, едноставно нема смисла. Перформанси се објавуваат максимални, али да повторам тоа мене не ми игра голема улога. Тебе можеби да, мене не.
Насоката на темава треба да биде кон класифицирање според личните потреби (сакам звук вс несакам високи обртаи), големина на автомобилот, годишна километража, потрошувачка, и многу други параметри и во тој контекст да се споредува бензинец и дизел.