......
Кога немало што да правам додека се возам сум експериментирал така и со дизелот и со бензинецот. Значи на дизелот менувам макс до 2000 вртежи, со бензинецот на 3000 вртежи.
Ништо посебно дизелот и бензинецот, освен што со бензинецот многу полесно се круза низ град.
Тоа што не си осетил недостаток нели е твое мислење и почит за тоа, како што е и моето мислење за возење дизел секојдневно во градски услови за разлика каде што на сите тестови 0-100, максимално убрзување итн. е нешто што мене лично навистина не ме интересира, затоа што 99.9% од времето што го поминувам во автомобил не ја цедам колата до црвено. Се надевам дека ме разбираш. Никој не оспорува ништо ама на темава ако нешто оспориш веднаш наидува на правење некој вид сакрастична заебанција и така се во круг. Имаме различна перцепија што е за тебе подобро/поинтересно кога наеднаш ќе треба да убрзаш, а за мене е нешто сосема друго. Нема потреба да се докажуваме или преку "заебанции" да се правиме паметни.
Насоката на темава треба да биде кон класифицирање според личните потреби (сакам звук вс несакам високи обртаи), големина на автомобилот, годишна километража, потрошувачка, и многу други параметри и во тој контекст да се споредува бензинец и дизел.
Јас те разбирам, ниту пак се заебавам. Едноставно, низ град штом има вошки од 40-50 кс на радалица кои вршат работа што останува за поголеми и посилни коли.
Од друга страна, ако напишам колку ме кошта дизелот за поправки последните 4 години и 100к километри, косата ми се крева. 3 водни пумпи, 3 термостати, еден интеркулер со црева, комплет замаец, анласер, репариран алтернатор, а сега здравје за некој месец комплет подвозје. Купен е од прв газда, со сервисна историја до последен ден во официјален сервис.
На претходниот бензинец кој го имав 3 години и 45к километри, термостат превентивно, и подвозје.
Сегашниот, 10 месеци, 23к километри, никакви проблеми.
(Редовните сервиси не ги бројам со пропратните консумативи)
Перформансите на сите се вртат/вртеле во рамката на 10 сек до 100ка, крајна брзина околу 200 (дизел), 220 (бензинците).