- 2 Ламбда сонди се 10 (со букви: Десет) пати помалку од еден ДПФ
- Свеќици имаше и 101, па не беше скап за одржување
Ламбда сондата е 100 евра чкарт. Оригинална е 2х поскапа. Животниот век на сондата е само 100к. Од друга страна ДПФ филтерот во овластен сервис се спушти на 700 евра (последно прашав во Рено). ДПФ филтер нема ограничен животен век, ако се вози често на отворено трае колку што трае и колата. Да те однесам да видиш CDI со 295.000км со оригиналниот дпф филтер.
Од друга страна и катализаторот кај бензинецот може да го изгориш со лоша смеса на гориво или плин. Ич не е евтин.
Од бонусот:
- „нова и нерелијабилна турбо технологија.“ За дизелот е стара и релијабилна, за бензин некни ја измислија.
Баш така. Директно вбризгување (100% дизелска технологија), и турбото (за дизел е измислено, и само во дизел се вградуваше до вчера) се проверени кај дизелот повеќе од 30 години. Друго работа е што турбото е многу покомпатибилно со дизелот, плаг енд плеј е. Кај дизелот нема детонации, не постојат.
Како и да е, додади минимум 4 бобини, 2 ламбди, 12 свекици. Тоа веќе надминува 1000 евра. И тоа само до 100.000км.
Бонус: плинскиот уред е 1500 евра и паралелно троши 20% бензин. Нова и неиспитана технологија, која вие ќе ја тестирате.
Бонус: новите недимензионирани коли, скоро сите, се преосетливи на плин. Големи се шансите до 100.000км да го стопите моторот. Цена 2000евра ремонт.
Бонус: косилицте недомензионирани имаат преслаби ламели. Ретко која издржува 100.000км. Прашај колку пари е еден сет во овластен сервис. 1000 евра.
боже боже боже колку глупости се изначитав тука лелелелеле... а и колку лаги прочитав тоа е башка муабет...
ај со ред:
-турбото прво во бензинци се вградуваше а не во дизели
-ламела не трае 100Ккм.. колку ке платиш толку ке добиеш.. купи евтино ни 50 нема да тера. купи оригинално и како што треба ке трае 300-400.. твој е изборот...
-ламбда сонда не трае толку.. како рече ти да ме однесеш мене или друг некој да ми покажеш дека некој дизел бла бла бла... а да те однесам јас да видиш 800.000 км пројдено со оригинални ламели, оригнални ламбда сонди (да 2 комада), бомбини, сенори, давачи на сигнали... се оригинално, старо 16 години работи и функционира без никаков проблем и ке тера уште...
-плинот не е 1500 евра. нај сакпиот е 1100 евра и тоа работи 8% бензин а не 20. а така работи заради заштита на бензинските дизни. доколку вградиш директ гас старт ке добиеш возило што работи само на плински уред а уредот кошта 600 евра.
-ламела не кошта 1000 евра па дури ни во англија или германија за било кој бензински мотор вграден во било кое возило. и зашто во овластен сервис? зашто не во локален сервис?
-и од каде до каде извади живти дизелска кариера дека со плин КЕ СЕ СТОПИ МОТОРОТ И КЕ ТРЕБА РЕМОНТ ДА ПРАВИШ? ало бре се прочитуваш ли ти сам себесии што пишуваш одкако ке кликнеш испрати?
и прекини да сервираш вакви лаги, измишљотини и глупости во правец на величење на дизелот... патетично е.