- 4 бобини (т.е. по една за секоја свеќица) имаат повеќето нови бензинци, биле турбо или не. Често се расипуваа од Siemens, заради вибрации и висока температура бидејки се поставени во деклата. Со новите од Bosch со метална оплата, тој проблем е надминат. И не беа вградувани само во БМВ туку и во Ауди, Порше, Мерцедес...
- 2 Ламбда сонди се 10 (со букви: Десет) пати помалку од еден ДПФ
- Свеќици имаше и 101, па не беше скап за одржување
Од бонусот:
- екстра дизни за плин, и еку за плин. И екстра боца за плин.
- „нова и нерелијабилна турбо технологија.“ За дизелот е стара и релијабилна, за бензин некни ја измислија.
- „моторчиња дизајнираи за 250.00км. Пред некој месец еден тди помина 1.000.000км во реални услови, без дефект.“ MTBF и димензионираната вечност е намалена за сите мотори. Сите сме сведоци дека на секој ТДИ со 1 Мкм има 10 ТДИ кои трошат 1л/100км масло. Тоа не е од наддимензионирање на компонентите, туку токму од обратното.
Не ми е целта и не сакам да наведувам исклучоци кои ќе го потврдуваат токму обратното - за маните на дизелот.
Зголемувањето на заштедите на нивна страна и зголемувањето на трошоците на наша страна се пропорционални, без разлика на типот на моторот. Производителите сакаат добивка од сите.