4 бобини никој не сменил до 100.000. На алфата уште работат оригиналните после 180.000, ламбда сондите исто така. Едната е само малку поспора дур не се загрее. Маф сензорот уште е оригиналниот и работи одлично.
На стилото е сменета само една бобина на 130.000 км и ништо друго од сензори.
Свеќици се менуваат на 80.000 км во поново време.
А за ламелите подобро немој да отвараш воопшто дискусија...
Tи имаш праисториска машина, од времето кога дизелите имаа 65кс од 2000ццм. Денес проблемот со бобини е актуелен, како што едно време беа актуелни сиеменс дизните во 2.0 тди мотори што цркаа исто толку често (50к дизна)
Ламела и замаец може да цркне кај дизелаш, ама се што е под 200.000км се смета за рано. Косилициве во просек по 65.000 поминуваат со оригиналниот сет. Ама од што цркаат, од 95Нм? Јасно ми е дека дизелот со 300-400нм може да откорне замаец, не ми е јасно како 95нм го прават тоа. (уствари јасно ми е, ама не ти кажувам)
Не е точно дека се поминуваат 80.000 со свеќиците, можеби тоа да го може еден модел. Просечниот интервал е 30-50к. Како и да е во Македонија тој интеврал ќе се намали на 30к. Како што гледаш, сервисниот интеврал на сите нови коли во МК е 10к (до максимум 15к) за промена на масло, а колата е декларирана на 30-50к. Затоа до 100к имаш 3 сета за свеќици, и ти знаеш самиот колку се скапи ако се оригинални. А па замисли тие оригигал свеќици да ги земеш од овластен сервис.