Clio V6 3000ccm има максимален торк 300Nm и тој е позициониран на 4650рпм. Дизелашов има 380НМ при 1800рпм, 330НМ при 3000рпм. Дизелашов на ниски и средни вртежи е многу помоќен од V6, иако има на рамно дупло помала максимална снага.
Доста манипулираш. Ист си како шизициве од Рено со графикот за вртежен момент што им почнува негде околу -200Nm.
3.0 V6 има максимална моќ на 7150rpm, а тоа е 78% повеќе од 4000rpm кај дизелот.
Сакаме да откриеме колкав е односот на максималниот вртежен момент кој се испорачува до тркалата кога двата мотори се поврзани во степен со кој развиваат иста максимална брзина. Да ја направиме следната трансформација: 300Nm + 78% =
534Nm @ 2557rpm за 3.0 V6, наспроти 380Nm @ 1800rpm за новиот 1.6 дизел. При овој степен, поради истата максимална брзина, максималната брзина со која можат да се вртат тркалата за двата мотори е идентична и е еднаква на 4000rpm.
534 не е двојно повеќе од 380, но тоа не го ни очекувавме, поради различниот карактер на моторите, да те потсетам помалиот мотор има 2 турбини.