А каков е тој режим на возење што го практикуваш сега а порано не си го практикувал на пример?
Порано се трудев на пример да претекнувам со една брзина надоле менување.
Сега сконтав дека некогаш треба 2 брзини надоле.
Исто го поднаучив моторот, во кој сегмент добивам што..
На пример кога да крузам, кога да претекнувам и слично..
Вака личи едноставно, ама некако е моторот специфичен и треба малку да се спријатели човек со него за да се добие фино чувство..
Генерално има некаква снага за крузање на ниски вртежи и тоа е веројатно тоа што буни, односно очекуваш дека ќе повлече нагло.
Па бидејќи не повлекува, менуваш брзина доле и пак знае да не повлече и нервира.. Ако смениш две брзини надоле, влегуваш во бараниот сегмент.. Е тоа е тоа што треба да се поднаучи и навикне..
Само за илустрација сосема ок знае да вози во 6 -та со 60 км/ч, ама ако пробаш да забрзаш ќе треба 3 брзини надоле за да забрза како треба
