Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1886570 пати)

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13800 на: 31 Декември 2013, 16:11:22 pm »
Така викаат од 1991, нема да се случи. На обиколница се излегува за ќеф, издувување на моторот е бонус.
Koj ti e kejfot da go slusas vristenjeto na hyundaito. Toa ti e macenje. Mozebi za famoznata korsa zboruvas. :)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13801 на: 31 Декември 2013, 16:13:06 pm »
Јас и бензинецот го терам на обиколница секоја недела. Мене ќеф ми е да се возам, јас уживуам во возењето, онака се возам 'за џабе'. Вие да не сте го згрешиле форумот.
Cesto iskacam na obikolnica ama ne so kosilica i ne da se zamaram so dpf i takvi sranja. Dpf i ekologijata se onie koi ke go isfrlat dizelot.

На запад се вози ДПФ зашто наместо да плаќаш регистрација, осигурање, данок и сл. пример 1500-2500 ЕУР  (за Голф 7 1.6 ТДИ) со ДПФ плаќаш 1000-2000 ЕУР. Така да за 5 години се исплати разликата. Плаќаш поскапа кола (заради ДПФ) возиш 5 до 6 години и после ја продаваат. И таму има мучки со крадена нафта, црвена нафта, сина нафта (за земјоделски машини) и затоа луѓето патат од проблеми.

На обиколница не излегувам често.

И ако човек патува на отворено нема врска постоење на ДПФ. Тој си се регенерира.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13802 на: 31 Декември 2013, 16:15:49 pm »
Така викаат од 1991, нема да се случи. На обиколница се излегува за ќеф, издувување на моторот е бонус.
Koj ti e kejfot da go slusas vristenjeto na hyundaito. Toa ti e macenje. Mozebi za famoznata korsa zboruvas. :)

Што имаш тоа ќе возиш. Брчел не брчел, ќе го возам. Имаме и еден дизел, тој прави многу повеќе ќеф. Важно, сите коли сум ги возел 'за џабе', од ќеф, дури и лада.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13803 на: 31 Декември 2013, 16:18:18 pm »
Земи дизел без ДПФ, да не те боли глава. Незнам дали и кои сеуште нудат таква опција. Можеби ќе треба да земеш и половно возило. Доколку земаш дизле со ДПФ, тогаш вози го еднаш неделно на обиколница.

Земав возило без ДПФ (Цитроен Ц3 1.4 ХДИ ). Меѓутоа кога го земав ЦРВ -то една од причините што и ме плашеше дизел, се баш потенцијалните проблеми со дизелот за мојот начин на возење.

А да излегувам на обиколница секоја недела, како да ти кажам... НЕ ДОАЃА ВО ОБЗИР да го правам тоа. Ќе тошам време, гориво  за да ја издувам колата? НЕ ДОАЃА ВО ОБЗИР


Дарко

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13804 на: 31 Декември 2013, 16:20:24 pm »
Види 95% размислуваат како тебе, и пак немаа проблеми. Но тие 95% не се на форумот, тие се луѓе кои колата првенствено им е за работа од А до Б. Човек што ужива во возењето ќе оди на обиколница, и ќе членува на форум.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13805 на: 31 Декември 2013, 16:22:56 pm »
Види 95% размислуваат како тебе, и пак немаа проблеми. Но тие 95% не се на форумот, тие се луѓе кои колата првенствено им е за работа од А до Б. Човек што ужива во возењето ќе оди на обиколница, и ќе членува на форум.

И еве не сакам да земам половно возило. Прашањето беше за исклучиво ново. Значи према муабетов твој дизел е подобар исклучиво ако е поволно возилото што би се купило. За нови сепак бензин.. Добро е. .Не сум се зае*ал со ЦРВ Бензин

За мене уживање во возење е кога одам тие 2 пати годишно некаде низ Европа со кола. Ама за жал истата кола ја возам и на кратките релации другите денови од годината. И НЕМА ШАНСИ да трошам од моето време за да ја дувам колата (автоматски и потрошувачката на гориво веќе се зголемува ако треба да трошам непотребно гориво за да ја дувам колата).


Јас вака би рекол.. Треба да се купи оној мотор што е посоодветен за намената што ќе ја користиме колата.. Ако тоа е отворен пат и чести долги релации, ќе земам веројатно дизел (поради заштедата на гориво).

Ако во експлоатацијата на колата има и кратки и градски релации, дефинитивно бензин


Дарко

п.с. Еднаш неделно на обиколница да пројдеш 80 км, ќе потрошиш еве барем 5-6 л гориво кај дизлоет. На месечно ниво трошиш 20-30 литри гориво што немаш потреба да ги потрошиш доколку поседуваш бензинец. Испаѓа дека разликата во гориво и не е така голема

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13806 на: 31 Декември 2013, 16:30:45 pm »
Џабе е бензинец кога троши. Дури и Јарис со 1.0 троши 7 литра во град.
Промашај невиден. Со дизељ си раат.

Излишен е секој понатамошен муабет.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13807 на: 31 Декември 2013, 16:33:44 pm »
Џабе е бензинец кога троши. Дури и Јарис со 1.0 троши 7 литра во град.
Промашај невиден. Со дизељ си раат.

Излишен е секој понатамошен муабет.


Па и дизел во град троши толку. Кога го купував Цитроен -от пробав и Јарис, пробав и Свифт, пробав и Цитроен Бензинец.
Возев идентична релација, во идентично време од денот (за да биде што пореална измерената потрошувачка).

Дизелот ми трошеше само 1л на 100 помалку (зборам низ град).

Земав Цитроен дизел, а не свифт бидејќи ми излезе поевтино, и бидејќи има поголем гепек па има поголема употреблива вредност. Инаку Јарис 1.0 е ТИЊА од мотор. 1.3 е веќе друга прикаска (мислам дека дури и помалку троши можда, поготово на отворено)

Инаку како цена користење на возилото не е само цената на бензинот. Јас рачунам бензин + сервис + непланиран сервис.

До сега три бензинци по ред:

1. Витара - Купена на 85000 км , продаден на 165000 км

Освен редовен сервис (Уље + Филтри и Акумулатор (ги заборавав често фаровите), немав друг трошок)

2. Honda HRV - Купена со 17000 км, продадена на 125000 км. Редовни сервиси, и (исто дел редовен сервиссменети каиши на 80000 км. Толку

3. Honda CR-V Купена со 0 км , сега имам 21400км , само уље и филтри (добро, за ова уште рано е за проблеми).


Со бензинциве сум немал НИКАКОВ непланиран трошок или потреба од некакво сервисирање што не било редовен сервис.

Можам да го видам искуството на брат ми со дизели:

1. Reno Kangoo - Купено со 0км, проблем веќе само после година дена со дизните.

2. Рено Кангу 1.5 дЦИ (после само година и пол претходното наведено му го одкупија , и допплати за ова). Значи купено со 0км, после 2 години пак проблеми.

3. Му го одкупија и ова, купи Меган Сеник 1.5 дЦИ (со ова имаше проблеми со све што може да се има проблеми)

4. Рено Лагуна 1.5 дЦИ (старо за ново од Сеник -от), со Лагунава мислам дека немаше проблеми :), ама имаше доста отворено возење.

5. Нисан Кашкаи 2.0 дЦИ (старо за ново од Лагуната), со ова има поминато 130-140 илјади, ама доста отворен пат, и нема проблеми никакви.


6. Опел Астра 1.9 дизел (Чичко ми), проблеми еден куп со дизелот (кратки релации и градски). Ја продадоа, купија Астра Бензинец, истиот начин на возење, нема проблеми.


Испаѓа од моето искуство со фамилијарни возила дека ако е за долги релации дизел. Ако има и кратки градски релации Бензин


Дарко


P.s. Филип на ова ќе коментира дека кажувам коли што не сум ги поседувал лично јас, и што е рекла казала муабет.. За жал не е така. Таа проблематична Астра и мене ме засегаше бидејќи бев  партнер со тој братучед, и секојдневно ја користевме и двајцата. Фаланга исто би требало да ја знае :) Црна Караван. На брат ми возилата сепак ми се блиски во фамилија , па си земам за право да ги споделам како искуство
« Последно менување: 31 Декември 2013, 16:50:30 pm krell »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13808 на: 31 Декември 2013, 16:41:14 pm »

Важи. Одиме:


1500 рпм: тди 74 коња, тси 70 коња
2000 рпм: тди 108 коња, тси 100 коња
2500 рпм: тди 134 коња, тси 120 коња
3000 рпм: тди 160 коња, тси 147 коња
3500 рпм: тди 181 коњ, тси 174 коња


Види ги болдираните. Рачунај дека кога дизелот е во првиот болд, бензинецот при нормално возење е во вториот болд. Толку. При нормално возење. Толку.

Џабе е бензинец кога троши. Дури и Јарис со 1.0 троши 7 литра во град.
Промашај невиден. Со дизељ си раат.

Излишен е секој понатамошен муабет.
Ако ја рачунаме како предност која е најбитна на свет, да.  Тука е крајот на муабетот. Но не троши само бензин, троши и пари. почнувајќи од редовни сервиси па до реално можни и очекувани дефекти. Ако ја земме потрошувачката на пари, не би рекол дека е крај на муабетот. Според вашиов муабет, најбоље е да си купуваш автобуска карта. Најефтино е, можеш да си го приуштиш кога сакаш, можеш секој викенд да одиш во охрид без да се устручаваш, редовни линии има доволно за да не ти претставува проблем и тајмингот. А има и оние комбаците за 10 души што вршат транспорт низ државава. За до охрид, берово, или кај сакаш низ мк - топ! Без устручавање.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13809 на: 31 Декември 2013, 16:44:55 pm »
Автобус не е прифатливо решение за било кој што шета, затоа што не оди никој до едно едино место. Туку во самото место проаѓа уште 100км (Охрид рецимо).

Кој сака слободно нека си оди со Автобус. Мене не ме собира, а ни мојот багаж.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13810 на: 31 Декември 2013, 16:49:02 pm »
Јас знам дека не е прифатливо решение автобус. Не е ни прифатлив заклучок дека потрошувачката на гориво е круциална предност на дизелите. Е предност. Неспорно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13811 на: 31 Декември 2013, 16:52:33 pm »
... ограничена.. и тривијална... но сепак предност :) кога се зборува за малолитражни мотори.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13812 на: 31 Декември 2013, 16:53:54 pm »
Јас знам дека не е прифатливо решение автобус. Не е ни прифатлив заклучок дека потрошувачката на гориво е круциална предност на дизелите. Е предност. Неспорно.

Да имаш само едно непланирано расипување со дизелот после гаранција (дури ДПФ проблем не спаѓа во гаранција и ќе си го платиши дури и да ти се случи и после пар месеци од купување на колата), отиде предноста во заштеда на гориво.


Докупувањето на Адитиви, дувањето на обиколница и слично , прави разликата во гориво плус да се намали. Искрено кога го купував градското возило решив да го купам она што за парите ќе ми даде највеќе. И како не сум поседувал никогаш лично дизел, сакав да го видам искуството со дизелот од прво лице. Како ова е возило што лесно би се продало ако испадне дека сум погрешил, не се мислев многу.
Ќе видиме како ќе испадне математиката после 100 000 км :)

Дарко


п.с. Инаку Цитроенов исто не го развозувам по обиколница, и не му ставам адитиви сега за сега. Нема да се штеди на сервис (во поглед на квалитетно уље и оригинални делови), ама дефинитивно нема да му робувам



Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13813 на: 31 Декември 2013, 16:56:07 pm »
Без адитиви во модерен комон реил дизел со нашата нафта е барање беља. Што се 500 денари на 1 резервоар.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13814 на: 31 Декември 2013, 16:58:57 pm »
Дарко увек имал одлични заклучоци поткрепени со реални и лични примери.

Ете и сега за возилата, мада голема улога има и марката. Да си земел хонда дизел и со неа ќе си немал проблеми, од друга страна па рено не важи за нешто посебно квалитетно возило.... ;D