од моја гледна точка, да сумирам детали од последниве 10 страници:
-дизелот троши помалку, а воедно и нафтата е поевтина, па поради тоа, е поекономичен и до 35%...
-но тоа важи само за на отворено, во град драстично подоле е разликата
-потребно е адитиви од 500 денари на секој резервоар, за да моѓе да издржи поише
-пожелно е да се излезе еднаш неделно на заобиколница, да се испостиска за да се испродува моторот и издувните-усисните системи
-дизелот неможе да се преполови во потрошња како бензинецот (плински уред) и да има автономија со едно полнење да пројде да речеме 500 километри, притоа трошејки само евтино гориво. може на метан да биде ама нема толкава автономија, плус сеуште троши навта...
и сега... како припадник на некој кој што вози од точка А до точка Б, после сите есапи, дизелот не да не е поеконимичен од бензинецот на плин, ама ич не е... ем поскапо возило купуваш, ем во пари поише ти троши... да не почнам да праам муабет за дефекти колку е поскап за поправање (не за тековно одржување туку за поправање) иако и за тековно одржување е поскап...
тоа што не ми се свига што штрака дизелот тоа е друг муабет... да не праам муабет за вибрациите кога ке тртнеш на педалата за гас (наводните торкови и коњи кога ке заиграат), сепак тоа е прашање на вкус.
сега може пак да го извртите муабетот (да ги сокриете и избегнете фактиве) со торкови криви и графикони... фала многу, пријатно...