Џабе е бензинец кога троши. Дури и Јарис со 1.0 троши 7 литра во град.
Промашај невиден. Со дизељ си раат.
Излишен е секој понатамошен муабет.
Па и дизел во град троши толку. Кога го купував Цитроен -от пробав и Јарис, пробав и Свифт, пробав и Цитроен Бензинец.
Возев идентична релација, во идентично време од денот (за да биде што пореална измерената потрошувачка).
Дизелот ми трошеше само 1л на 100 помалку (зборам низ град).
Земав Цитроен дизел, а не свифт бидејќи ми излезе поевтино, и бидејќи има поголем гепек па има поголема употреблива вредност. Инаку Јарис 1.0 е ТИЊА од мотор. 1.3 е веќе друга прикаска (мислам дека дури и помалку троши можда, поготово на отворено)
Инаку како цена користење на возилото не е само цената на бензинот. Јас рачунам бензин + сервис + непланиран сервис.
До сега три бензинци по ред:
1. Витара - Купена на 85000 км , продаден на 165000 км
Освен редовен сервис (Уље + Филтри и Акумулатор (ги заборавав често фаровите), немав друг трошок)
2. Honda HRV - Купена со 17000 км, продадена на 125000 км. Редовни сервиси, и (исто дел редовен сервиссменети каиши на 80000 км. Толку
3. Honda CR-V Купена со 0 км , сега имам 21400км , само уље и филтри (добро, за ова уште рано е за проблеми).
Со бензинциве сум немал НИКАКОВ непланиран трошок или потреба од некакво сервисирање што не било редовен сервис.
Можам да го видам искуството на брат ми со дизели:
1. Reno Kangoo - Купено со 0км, проблем веќе само после година дена со дизните.
2. Рено Кангу 1.5 дЦИ (после само година и пол претходното наведено му го одкупија , и допплати за ова). Значи купено со 0км, после 2 години пак проблеми.
3. Му го одкупија и ова, купи Меган Сеник 1.5 дЦИ (со ова имаше проблеми со све што може да се има проблеми)
4. Рено Лагуна 1.5 дЦИ (старо за ново од Сеник -от), со Лагунава мислам дека немаше проблеми
, ама имаше доста отворено возење.
5. Нисан Кашкаи 2.0 дЦИ (старо за ново од Лагуната), со ова има поминато 130-140 илјади, ама доста отворен пат, и нема проблеми никакви.
6. Опел Астра 1.9 дизел (Чичко ми), проблеми еден куп со дизелот (кратки релации и градски). Ја продадоа, купија Астра Бензинец, истиот начин на возење, нема проблеми.
Испаѓа од моето искуство со фамилијарни возила дека ако е за долги релации дизел. Ако има и кратки градски релации Бензин
Дарко
P.s. Филип на ова ќе коментира дека кажувам коли што не сум ги поседувал лично јас, и што е рекла казала муабет.. За жал не е така. Таа проблематична Астра и мене ме засегаше бидејќи бев партнер со тој братучед, и секојдневно ја користевме и двајцата. Фаланга исто би требало да ја знае
Црна Караван. На брат ми возилата сепак ми се блиски во фамилија , па си земам за право да ги споделам како искуство