1. Интересно како финансиската граница за „над таа-и-таа сума никој не купува дизел“ полека но сигурно расте. До пред некое време беше 20.000 евра. Сега глеам рипнала на 40.000 евра. Знам за еден куп луѓе што купиле возило што кошта над 40к еура, па пак земале дизел. Не е моментот за парите, тука други работи играат улога.
2. И јас би земал Панамера дизел. Многу ми се свиѓаат такви големи крузеришта, со таа разлика што со Панамера дизел драстично ќе се зголеми бројката на поминати километри меѓу полнења гориво. Изгледајте го видеото на Крис Харис за Панамера Дизел.
3. Муабетот дека луѓе што купуваат дизел се луѓе што не се разбираат у коли и/или не им е битно уживањето во возењето е во најмала рака погрешен, а може да кажеме и навредлив. Се надевам дека еднаш ќе успееме да еволуираме над „во дизелот нема мерак“ како аргумент. Секој си го сфаќа меракот различно. Еве јас, лично, немам мерак да цедам мотор за да имам какви-такви перформанси, нешто што „бранителите“ на бензинот го истакнуваат како позитивна страна. Секој со своето.
За мене, во реални услови, со оглед на моите потреби, желби и мерак, дизелот е подобра варијанта.