Уживањето е во осетно поголемиот вртлив момент, на чии што благодети брзо се навикнуваш. Нема враќање назад.
Уживањето е во многу поголемата автономија: на пат ќе застанувам каде што сакам, а не каде што морам (бензинска).
Ниската потрошувачка дава ненајдебиво чувство на слобода. Возам кога сакам, како сакам, каде сакам, онолку колку што сакам. Не му ја мислам. Највеќе заради оваа елузивна точка секогаш ќе бирам дизел. Сакам да возам, ми се свиѓа кога возам. Затоа сакам да возам што повеќе.
Басови поише ми се свиѓаат од средни.
Многу ми се допаѓа начелната overbuild-аност на drivetrain-от. Ми се допаѓа масивноста и набуџеноста на целото ауто. Неќам да возам картинг секој ден. Само понекогаш.
Многу ми се свиѓа начинот на кој моторот реагира на моите команди со папучата за гас. Многу. Низ целиот пат на папучата за гас има „месо“.
Ми се свиѓа што немам обврска да шалтам толку често. Убацувам у пониска брзина и кревам вртежи кога сакам, не кога морам.
Нема да ми се мократ свеќиците у секоја локва во која што ќе поминам пребрзо.
Затоа, но и од други причини кои сега у моментов не ми текнуваат, бирам 2.0 тд наместо 1.4 тб.
Тоа се истите причини поради кои бирам 2.0 ад наместо 1.4 аб.
Е сега, сето тоа си има своја цена. Поскапо е затоа што е подобро. Ништо чудно нема во оваа релација.
(ете, пак ги пишав предностите, иако си ветив на себе „филип, 20 пати ги пиша, кој го мрзи да бара и чита не му пишувај пак, не заслужува)