Зошто не бензинец. Затоа што претекнувањето е болно со бензинец. Возиш 60кмх зад камион, во која брзина ќе го претицаш? Во 4та? Не е возможно. Во 3та? Во 3та е возможно но не доволно брзо. Треба да смениш во 2ра, да ја исцедиш до 80кмх (до црвено) па да смениш во 3та (во сред претекнување), па да ја исцедиш до 120кмх, па 4та брзина. Ова не само што е опасно, туку е и непријатно и сосема непотребно.
Како дизелот го решава проблемот со претекнувањето? Возиш 60кмх во 4та. Притискаш на гаста, и забрзуваш до 160кмх.
Ако збориш за бензински косилици со 1.2 мотор вс некој поасален дизел, може и ќе ти важи ова. За понормален бензинец(атмосферец) ќе вратам у трета и ќе си го поминам без проблем. Без никакво цедење до црвено и слично. А може и со четврта да се помине доколку има простор.
Негознам....ни те знам ни те познавам....

...ама едно ке ти кажам....со Ц4 косилица од 90 коња на блага угорница не можеш да претицаш камион ако не ставиш во трета, и тоа додека претицаш ќе се усереш, ако продолжи малце угорницата и втора ќе јаде. Токму тој момент ми оставаше чуство на немоќ, како точак да возам, кога претицаш тој до тебе бутка со нозете на патос да даде малку гас и он(а) ако може, побрзо да претицате, а на крај го имаш овој момент на олеснување

Исто како кога чукаат раци кога ќе слета авионот!