Не треба многу надмудрување, само еден поглед најгоре над постовите во гласањето кажува се`
50% повеќе љубители на бензин, што, реално, е мала разлика за еден форум кој треба да собира љубители на автомобили, а не на индустриски машини 
Неќам да бидам дрзок, но кога веќе аргументираш ad populum во стил на некој маалски „мудрец“...
Дизелите се поскапи од бензинците. Што значи тоа? Тоа значи дека СЕКОЈ кој купил дизел можел АКО САКАЛ да купи бензин.
Обратното не важи секогаш: не секој што купил бензин го купил затоа што сакал. Барем дел од овие што возат бензинци возат затоа што мораат, т.е. немале доволно пари за дизел. Значи, да нема сеа повредени суети, не викам дека СИТЕ кои купиле бензин го сториле тоа затоа што морале. Но барем дел? Сигурно. Дали тој дел ја покрива разликата во гласањето. You bet.
Затоа не се аргументира ad populum. Барем пола постови во оваа тема се за киселото грозје.
Да, дрзок сум и злобен, ама таков сум скоро секогаш кога некој aвторитативно се расфрла со фалични (анг. fallacious) аргументи.