Зошто не бензинец. Затоа што претекнувањето е болно со бензинец. Возиш 60кмх зад камион, во која брзина ќе го претицаш? Во 4та? Не е возможно. Во 3та? Во 3та е возможно но не доволно брзо. Треба да смениш во 2ра, да ја исцедиш до 80кмх (до црвено) па да смениш во 3та (во сред претекнување), па да ја исцедиш до 120кмх, па 4та брзина. Ова не само што е опасно, туку е и непријатно и сосема непотребно.
Како дизелот го решава проблемот со претекнувањето? Возиш 60кмх во 4та. Притискаш на гаста, и забрзуваш до 160кмх.
Ако збориш за бензински косилици со 1.2 мотор вс некој поасален дизел, може и ќе ти важи ова. За понормален бензинец(атмосферец) ќе вратам у трета и ќе си го поминам без проблем. Без никакво цедење до црвено и слично. А може и со четврта да се помине доколку има простор.
И што е опасно менување брзина во сред претекнување??? Може за некој почетник кој што ќе се загледа во менувачот или ќе му треба повеќе време да прешалта, но за поискусен возач менувањето брзини не претставува ниту проблем ниту опасност.
Доколку тебе лично ти претставува проблем шалтањето, можда е време да посетиш некоја авто школа, чисто да те потсетат на некои работи

Или па да си купиш автоматик, има и30-ки дизелчиња со автоматски менувач. Како ќе ти легне ко за тебе да го правеле.