Дени, ZR1 има многу јак мотор, ама не е до толку појак од 458, малку ти е утната математиката тука. Истото важи за голем дел од муабетите што се прават кога се споредува вртежен момент без да се земе во предвид огромната разликата во вртежниот опсег.
Јас повторно имам забелешка околу „опсег на вртежи“. V, не те прашувам тебе лично, ниту е ова директна реплика на твојот пост. Твојот пост само ме потсети уште еднаш да го актуелизирам ова прашање, бидејќи се сомневам дека е потребно разјаснување. Ископав еден стар пост од пред година и кусур, за да не пишувам одново само ќе направам копи-пејст: Тогаш никој не одговори!
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,61.msg259715.html#msg259715Замисли два мотори, едниот „А“ со употреблив момент од 1000 до 4000 вртежи и другиот „Б“ со употреблив момент од 2000 до 5000 вртежи. Кој од овие два е „поширок“?
1. Поширок опсег има моторот „А“
2. Поширок опсег има моторот „Б“
3. Моторите „А“ и „Б“ се подеднакво широки (бидејќи разликата меѓу најниските и највисоките корисни вртежи е во двата случаи 3000)
Кој е точниот од овие 3 можни одговори?
Сега ќе го поставам истото прашање, но со хипотетски, екстремни примери, за поентата (хоупфли) да биде појасна.
Имаме два мотори, „икс“ и „ипсилон“
„Икс“ се врти од 0 до 10.000 рпм, при што развива момент од 100 њутнметри. Разликата меѓу најниските и највисоките вртежи е 10.000.
„Ипсилон“ се врти од 0 до 10 (десет) рпм, при што развива момент од 10 њутн
километри. Разликата меѓу најниските и највисоките вртежи е 10 (десет).
И двата мотори се упарени со соодветно дизајнирани 5 степени менувачи. И двата мотори во 5 брзина на соодветните максимални вртежи (10.000 и 10) развиваат најголема снага и брзина. И двата мотори имаат иста максимална моќност (пошто максрпм * максторк = исто кај двата)
Кој од двата мотори има по „широк“ опсег на вртежи? Можни одговори:
a) моторот „икс“
б) моторот „ипсилон“
в) двата мотори се со подеднакво широк опсег на вртежи
Со нетрпение ги очекувам вашите одговори во форма „а“, „б“ или „в“. Данке!