@filipv
Да, при секој поединечен циклус ИСТО воздух ќе влезе и на 2000 и на 5000 вртежи. Колку е тој воздух зависи од отвореноста на лептирот.
Не. Грешиш. Според законите на физиката не е така. Нема да влезе исто воздух.
Да земеме дека клапната е скроз отворена.
F = (M * v^2) / 2
M = (2 * F) / (v ^ 2)
Како што гледаме масата на воздух за една иста сила на усисување зависи квадратно, а не линеарно од брзината.
Брзината на движење на клиповите зависи од бројот на вртежи при 2000 не е иста како и при 5000. При 5000 вртежи е 2.5 пати поголема во однос на 2000, мо силата на усисот кој се прави при 5000 вртежи не е 2.5 пати поголем во однос на оној при 2000 туку 6.25 пати(2.5 пати на квадрат).
Ако со M1 и v1 ги означиме масата и брзината на воздух кој влегува при 2000 вртежи, а со М2 и v2 масата на возду кој влегува при 5000 вртежи тогаш:
v2 = 2.5 * v1
M1 = (2 * F) / (v1 ^ 2)
M2 = (2 * F) / (v2 ^ 2) = (2 * F) / ((2.5 * v1) ^ 2) = (2 * F) / ((2.5 * v1) ^ 2) = (2 * F) / 6.25 * (v1 ^ 2)
Очигледно дека масата на воздух која ќе влезе во еден циклус при 2000 и при 5000 вртежи се разликуваат.
Поради ова и вртежниот момент кој го развива моторот при различни вртежи и ист отвор на клапната (отворена максимално) е различен, а не константен.
Со лептирот ДИРЕКТНО се контролира снагата која ја испорачува моторот!
Не.
Зошто кога моторот е под саух бројот на вртежи е двојно или тројно поголем во однос на тоа кога не е под саух, а притоа и во двата случаи клапната е исто отворена?
за што воопшто служи лептирот ако не за регулирање на тоа колку ваздух ќе влезе при секој циклус? Ова више те прашав ама не одговори.
Лептирот глеј го ко вратар у дискотека. Кога има раја пред врата може да пушти или да не пушти да влезе раја внатре. Ама ако нема раја пред врата, џабе вратарот ќе сака да пушта кога нема кој да влезе. Па така е и со лептирот, ако нема кој да направи подпритисок во усисна грана, бадијала е отворен.
мислам дека нашите недоразбирања се должат на тоа што јас зборувам за воздух при поединечен циклус, а ти за воздух во единица време. Нели?
Не, ќе бидам искрен. Јас мислам дека недоразбирањето е во тоа што погрешно(од написи како тој кој го цитираше) и недоволно си информиран околу тоа како точно функционира бензинскиот мотор. Притоа имаш изградено некои погрешни претстави кои научно и аргументирано не ти се поткрепени, а ги земаш како апсолутни вистини и цврсто стоиш зад нив. Затоа тешко оди разубедувањето и даваш отпор кон тоа што се обидуваме со Симо да ти го објасниме, а кое и двајцата го имаме простудирано.