Со оглед дека двата мотори се 4 тактни и имаат многу слични принципи на работа, концепциски се слично градени (радилица, клипови, вентили итн), може да се споредуваат и тоа се прави секаде и секогаш. Не сме ние првите што на 27 декември 2010 година ни` текна да ги стаиме на проба. Колку за тебе што се различни, за мене се слични дизелот и бензинецот во својата конструкција.
КОга станува збор за конкретно двата мотори од споредбата, двата мотори се вртат приближно исто, на бензинецот максималната снага му е на 5200 вртежи, а на дизелот на 4200. Разлика - 20-тина проценти. Па пак и обртниот момент е 30% поголем а и максималната снага е 70% поголема. Се надевам ќе ми дадеш пресметка во која 70% поголемата снага се должи на 25% погоелмиот вртежен момент. Или поточно, ќе ми објасниш како тоа со 25% поголем број вртежи во минута, се добива 70% повеќе снага.
Или ајде теоретски да ги ограничиме двата мотори на 2500 вртежи. дали ќе примаат исто количество воздух? Да. Кој од овие два мотори при 2.500 вртежи ќе има поголема моќ (воедно и поголем вртежен момент, бидејќи моќта е производ на моментот и бројот на вртежи)?
Или пак јас нешто не разбирам?
И да, сериозно објасни ми каде е погрешно моето толкување дека волуметриската ефикасност на моторот е битен момент.