Има, виделе не може од подземен паркинг 911 RS2 да излезе у втора, па решиле „мора дизел..“
од ниски вртежи нема бегање! за да стигнеш во високи вртежи треба прво ниските да ги пројдеш. ниските вртежи се поважни од високите! (<-да, јас така мислам и не, тоа не е мојата холографска проекција)
во идеален свет ќе имам втора кола мазда mx5 пошто и ја сакам турирање и шибање. Ама не секогаш и секаде. А кога НЕ турирам и НЕ шибам - дизелот е закон и устав!
Да, како што читам, така можело и со тб. Ама зошто? Зошто да го намалам дометот? Што добивам за возврат?
Ниските вртежи се поважни зошто?! Зошто МОРА преку нив да поминеш? Нема везе, за мене високите се поважни. За надминување на проблемот, имаме сет квачило, кое постепено ги изедначува разликите помеѓу потребата за ниски вртежи на драјвтрејнот (0 вртежи во мирување), со бесконечно поголемиот број на вртежи на моторот (нека се и 500-600 од некој мрсен v8, пак се бесконечно повголем број вртежи од 0).
Ако не гледаш дека добиваш нешто за возврат на намалениот домет, тоа е пак субјективна работа. И пак ќе повторам, кога ќе излезеш на отворен пат, тоа е 15-тина % во однос на исто возило дизел, (примерот претходно ти го кажав со мојата алфа бензинец и од истиот каталог најштедливата дизел варијанта, разликата беше 950-60 вс 1200км максимален домет),
А да, уште една работа што ОПАСНО ме одвлекува од дизелот. И кај нас, и во странство, кај што се точи дизел, има флека на асфалтот од бензинската, и обавезно цапнуваш со нога, и ја пренесуваш смрдеата на патосница у кола... Сега кога ги направија мултифункционални бензинскиве, уште бетер е, не мора да возиш дизел за да смрдиш на дизел
За овој аргумент сум смртно озбилен, ми се има десено неколку пати.
Тука само ќе уфрлам едно клипче колку да покажам колку се битни ниските вртежи
: