Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1923960 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1530 на: 26 Јули 2012, 15:55:22 pm »
Доказ колку се економични дизелите моментално гледам со свои очи.Пред салон ми е паркирана Панамера дизел и веќе 45 мин. си работи во место,а сопственикот си брка работа во Тутунска :D

Aко е плавата 888, има фантастични 12 литри на 100 потрошувачка ...


Минути, заборави да допишеш 100 минути... :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1531 на: 26 Јули 2012, 15:56:44 pm »
Има, виделе не може од подземен паркинг 911 RS2 да излезе у втора, па решиле „мора дизел..“ :D

ок, признавам дека малку си го натртив гзот со примерот со паркингот...

...но со тоа само сакав да илустрирам што сакам да кажам кога велам „момент при екстремно ниски вртежи“. Сигурно дека не искачам стално така од паркинг, напротив. Но, тоа исто својство на моторот наоѓа примена во цела низа чести, секојдневни возачки ситуации и човек просто се навикнува и може да му фали. Мене сите вообичаени не-турбо бензинци ми делуваат слабо. И шо да праам сега? Навикнат сум на влечење во сите ситуации, без многу гимнастики со-лева-нога-десна-нога-барај-го моментот-каде-е-не-оваа-брзина-онаа-брзина-стисни-гас-полека квачило-сеа-дај-го-сеа-одземи..... сето тоа кај дизелот во просек се прави помалку, токму ради тој голем момент кој владее во еден јасно дефиниран „блок“ од ниски вртежи.

од ниски вртежи нема бегање! за да стигнеш во високи вртежи треба прво ниските да ги пројдеш. ниските вртежи се поважни од високите! (<-да, јас така мислам и не, тоа не е мојата холографска проекција)

Кога ја позајмувам астрата на брат ми (б1.4) често пати од невнимание ми гаси дур не се навикнам и врска ми нема. На пат ја држам цело време над 3000 вртежи пошто иначе не влече. А ако ја држам цело време над 3000 потрошњата иде у небо - а пак не влече така добро. Се осеќам ко цело време да го мачам кутрото бензинче. На секое угорниче - трета. Па пак четврта. Нема релакс. Едини бензинец релакс кој сум го возел бил v8 5.0 атм.

во идеален свет ќе имам втора кола мазда mx5 пошто и ја сакам турирање и шибање. Ама не секогаш и секаде. А кога НЕ турирам и НЕ шибам - дизелот е закон и устав!

Да, како што читам, така можело и со тб. Ама зошто? Зошто да го намалам дометот? Што добивам за возврат?
Кај мене на фиестата има некое автоматско регулирање на гаста за ниски вртежи т.е. во рикверц возам без кумплуг и не гаси, во втора исто кога влагам во некоја тесна уличка обично не ставам во прва туку пуштам гас скроз во втора и трпи не гаси, има некое автоматско регулирање на вртежите и не дозволува да изгаси...а не е тб туку обичен атмосферец од 100 коња...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1532 на: 26 Јули 2012, 15:58:24 pm »
Бојан истото го прави и Спаркот и Полото. Односно сите мотори кои имаат ECU.

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1533 на: 26 Јули 2012, 15:59:17 pm »
Ете... не сум возел многу коли, претходно возев Тико затоа не знам за други

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1534 на: 26 Јули 2012, 16:00:16 pm »
licno ne bi menuval dizel, i da imam mnogu kes bi zel nekoj 3.0 tdi.... mi se sviga predenjeto na motorot i zvukot na turbinceto bez bucava a da ne zborime za malata potrosuvacka....

chlinki spodeli ja impresijata od boriceto  ;D ;D ;D ;D  ;)

Несакам многу да коментирам, ептен од почеток се вртат истите муабети, како доаѓат нови членови некои плачковци пробуваат да ги убедат во спротивното со истите коментари.

Бората влече многу, импресии до небо, ама краток здиф има, одека кај ауди А4 т бензинец чипуван тоа повеќе и поолго се осеќа, проследено со подобар звук.

Како што рече еден член, свеста послена се менува, ама само кај нас и некој затуцани земји. Сеуште ни праат фори за штедња и фураат некои дизели, секаде се зима по потреба кола, кај нас сите зимат дизел па дури и се курчат дека е подобро за перформанси и спортски дух, тоа се филмовите.

Јас во мене да имам пари за тб никогаш не би земал тд. Едино како втора кола или пак ако многу патувам. Некогаш парите се пречка.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1535 на: 26 Јули 2012, 16:01:12 pm »
Со секоја кола со ECU можеш да тргнеш и да возиш рикверц без гас. Без разлика дали е дизел, бензин атмосферец или турбо.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1536 на: 26 Јули 2012, 16:01:39 pm »
Доказ колку се економични дизелите моментално гледам со свои очи.Пред салон ми е паркирана Панамера дизел и веќе 45 мин. си работи во место,а сопственикот си брка работа во Тутунска :D

Aко е плавата 888, има фантастични 12 литри на 100 потрошувачка ...


Минути, заборави да допишеш 100 минути... :D

khhhhh ...

Иначе, интересно е да се чита, луѓе кои јавно кажуваат дека никогаш не возеле турбо бензинец, барем 2.0, да кажуваат дека е слаб со снага, не располага со снага рамномерно, нема сила на помали обртаи, премногу бучен бил, турбо лаг и што све не прочитав ...

Мој совет е, ако сте решиле да плукате по нешто, не прибирајте инфо од wikipedia, седнете зад воланот на тб, ке ви каже многу повеќе од било која дизел вс бензин статија ...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1537 на: 26 Јули 2012, 16:01:47 pm »
Јас глеам вака на работата:

Нема потреба никој никого да убедува што е подобро. Убедувањето се сведува на субјективни моменти, а секој од нас субјективно гледа на работите, и сосема е нормално секој да си го брани своето. И едната и другата опција си имаат свои предности, кои им се помалку или повеќе важни на луѓето.

Јас возам турбодизел. Нисколитражен атмосферски бензинец (шо би рекол ЛП, косилица) не би возел. Неам мерак на малецко моторче да му ги вадам ѕрцките за да извадам какви-такви перформанси. Високолитражен атмосферец би возел, или некој врискачки V-Tec (као рецимо тој во Интеграта на Банзаи). Турбо-бензинец би возел, али кај мене игра улога километражата што ја проаѓам на годишно ниво, па одбрав дизел. Кога ќе дојде ред да се израмнат цените на бензинот и дизелот, и разликата во цената на горивото да не е толку голема, дефинитивно би возел бензинец.

И многу би сакал еден турбо-бензинец као второ возило. Рецимо Голфот на Томи, за да го вадам од гаража еднаш неделно и да уживам прописно.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1538 на: 26 Јули 2012, 16:01:50 pm »
Ај баш кажи ми што е тоа кај дизелот што ти прави голем мерак при возењето ??? 

1. Моментот на ниски и ултра-ниски вртежи - ме лепи за седиште БЕЗ да мора да урла моторот и да дига џева наоколу. Мускул.
2. Меѓузабрзувањата - поретко мењам брзини, поише се чешам за јајцата.
3. Тишината и рафинираноста при крстарење со умерени брзини на автопат. Дизелот пригушено брбори, бензинецот пригушено се дере.
4. Расположивоста на снагата - не морам да ја „барам“ на високи вртежи, туку ја имам веднаш и сега. Кога ќе стиснам гас колата иде одма, не чекам пола секунда или секунда за да „повлече“

Ова во однос на ТБ?

Прашањето „ кажи ми што е тоа кај дизелот што ти прави голем мерак при возењето“ не имплицира никаков однос со ништо, па ни со тб. Праша што ми прави мерак - ти пишав што ми прави мерак.

Дали е во однос на тб? Па, веројатно ДА, дури и во однос на тб. Технолошки суперразвиен бензинец ќе има сепак помалце момент од технолошки подеднакво суперразвиен дизел... односот на својствата ќе остане мање-више ист. Истата борба „бензин вс дизел“ е. Турбобензинците скоро и да не менуваат ништо, во смисла што сега наместо стари атмосферски бензинци и стари атмосферски дизели, ќе споредуваме модерни турбобензинци и модербни турбодизели. И пак истите муабети, и пак истите аргументи.

Различните својства на бен. и диз. имаат фундаментални и егзактни физички корени и тоа не може ништо да го смени.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1539 на: 26 Јули 2012, 16:05:30 pm »
Бојан истото го прави и Спаркот и Полото. Односно сите мотори кои имаат ECU.

Кажи им фаланга на кадетот како е вожњата, ма какви електронски контролирања на гас ова она, ако не му научиш осет, тешко е да го возиш. Ја на мои другари сум им го давал да го пробаат, од 10 обиди успеале да го тргнат од место, а не па да го возат, гас ич не стискаат, мислат одма ке реагира, а не па да ги запнам на угорно под рачна да го тргнат :D Ама затоа ја па коа ке седнам во поново, па ја малце стискам на гаста оти научен кај мене да стискам со е можно повеке за да иде :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1540 на: 26 Јули 2012, 16:07:06 pm »
@filipv, Сакав да се осигурам дека збориш за тб, пред да ти реплицирам ... сите 4-ри точки кои си ги напишал, сите својства ги има и на мојот ТБ...

Некогаш кога ке имаш време, ке се договориме, ке се провозиме, и ке се увериш ...
Вака на форум, до утре ке се пренемагаме, вожња е правата ствар за демант ...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1541 на: 26 Јули 2012, 16:09:32 pm »
Бојан истото го прави и Спаркот и Полото. Односно сите мотори кои имаат ECU.

Кажи им фаланга на кадетот како е вожњата, ма какви електронски контролирања на гас ова она, ако не му научиш осет, тешко е да го возиш. Ја на мои другари сум им го давал да го пробаат, од 10 обиди успеале да го тргнат од место, а не па да го возат, гас ич не стискаат, мислат одма ке реагира, а не па да ги запнам на угорно под рачна да го тргнат :D Ама затоа ја па коа ке седнам во поново, па ја малце стискам на гаста оти научен кај мене да стискам со е можно повеке за да иде :D

Не знам кај тебе како е ама мојот може секој да го вози. Воопшто не стискам на гаста ако немам потреба. Си прима гас без никаков проблем. Е сега нема електронска регулација ама затоа троши 9-10 литра во град и тоа е тоа.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1542 на: 26 Јули 2012, 16:09:58 pm »
Како што рече еден член, свеста послена се менува, ама само кај нас и некој затуцани земји. Сеуште ни праат фори за штедња и фураат некои дизели, секаде се зима по потреба кола, кај нас сите зимат дизел па дури и се курчат дека е подобро за перформанси и спортски дух, тоа се филмовите

Само кај нас и некои затуцани земји, велиш?

- Во цел свет глобално процентот на дизел коли расте
- Во традиционално „бензинските“ земји, продажбата на дизели експлозивно расте (30% за три месеци во сад)
- Во Европа процентот расте и неодамна надмина 50% во корист на дизели
- Некои од најразвиените западноевропски земји имаат највисоки проценти на дизели. Франција? Преку 70%
- Во македонија каскаме позади европскиот просек.

Јас би рекол обратно од тебе. Само кај нас и некои затуцани земји НЕ купуваат толку дизели.

Или купуваат?

Вака на форум, до утре ке се пренемагаме, вожња е правата ствар за демант ...

се согласувам

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1543 на: 26 Јули 2012, 16:12:34 pm »
Секаде купуваат заради потреба. Поготово во земји каде многу се патува. Кој сака кола за мерак и перформанси купува бензинец.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1544 на: 26 Јули 2012, 16:14:14 pm »
- Во традиционално „бензинските“ земји, продажбата на дизели експлозивно расте (30% за три месеци во сад)

Добро, тука улога почна да игра и цената на бензинот кај нив ...

Ја кога на колегите(амери) им викав дека се возат еден куп дизели кај нас, они, ми се потсмеваа, многу им чадел, бучен мотор, бла бла ..
Откако почна цената на горивото да расне кај нив, почнаа да увидуваат зашто кај нас има 1.4 мотори и се возат дизели ...