Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1923943 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1545 на: 26 Јули 2012, 16:16:27 pm »
Како што рече еден член, свеста послена се менува, ама само кај нас и некој затуцани земји. Сеуште ни праат фори за штедња и фураат некои дизели, секаде се зима по потреба кола, кај нас сите зимат дизел па дури и се курчат дека е подобро за перформанси и спортски дух, тоа се филмовите

Само кај нас и некои затуцани земји, велиш?

- Во цел свет глобално процентот на дизел коли расте
- Во традиционално „бензинските“ земји, продажбата на дизели експлозивно расте (30% за три месеци во сад)
- Во Европа процентот расте и неодамна надмина 50% во корист на дизели
- Некои од најразвиените западноевропски земји имаат највисоки проценти на дизели. Франција? Преку 70%
- Во македонија каскаме позади европскиот просек.

Јас би рекол обратно од тебе. Само кај нас и некои затуцани земји НЕ купуваат толку дизели.

Или купуваат?

Вака на форум, до утре ке се пренемагаме, вожња е правата ствар за демант ...

се согласувам
Додади ја светската криза...
Не купуваат дизел зашто е подобар од бензинот туку зашто им треба за патувања и за економичност...
Тоа не значи дека ТД е подобар од ТБ

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1546 на: 26 Јули 2012, 16:19:43 pm »
Има, виделе не може од подземен паркинг 911 RS2 да излезе у втора, па решиле „мора дизел..“ :D

од ниски вртежи нема бегање! за да стигнеш во високи вртежи треба прво ниските да ги пројдеш. ниските вртежи се поважни од високите! (<-да, јас така мислам и не, тоа не е мојата холографска проекција)

во идеален свет ќе имам втора кола мазда mx5 пошто и ја сакам турирање и шибање. Ама не секогаш и секаде. А кога НЕ турирам и НЕ шибам - дизелот е закон и устав!

Да, како што читам, така можело и со тб. Ама зошто? Зошто да го намалам дометот? Што добивам за возврат?

Ниските вртежи се поважни зошто?! Зошто МОРА преку нив да поминеш? Нема везе, за мене високите се поважни. За надминување на проблемот, имаме сет квачило, кое постепено ги изедначува разликите помеѓу потребата за ниски вртежи на драјвтрејнот (0 вртежи во мирување), со бесконечно поголемиот број на вртежи на моторот (нека се и 500-600 од некој мрсен v8, пак се бесконечно повголем број вртежи од 0).

Ако не гледаш дека добиваш нешто за возврат на намалениот домет, тоа е пак субјективна работа. И пак ќе повторам, кога ќе излезеш на отворен пат, тоа е 15-тина % во однос на исто возило дизел, (примерот претходно ти го кажав со мојата алфа бензинец и од истиот каталог најштедливата дизел варијанта, разликата беше 950-60 вс 1200км максимален домет),  

А да, уште една работа што ОПАСНО ме одвлекува од дизелот. И кај нас, и во странство, кај што се точи дизел, има флека на асфалтот од бензинската, и обавезно цапнуваш со нога, и ја пренесуваш смрдеата на патосница у кола... Сега кога ги направија мултифункционални бензинскиве, уште бетер е, не мора да возиш дизел за да смрдиш на дизел :D За овој аргумент сум смртно озбилен, ми се има десено неколку пати.

Тука само ќе уфрлам едно клипче колку да покажам колку се битни ниските вртежи ;):


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1547 на: 26 Јули 2012, 16:22:06 pm »
Не знам кај тебе како е ама мојот може секој да го вози. Воопшто не стискам на гаста ако немам потреба. Си прима гас без никаков проблем. Е сега нема електронска регулација ама затоа троши 9-10 литра во град и тоа е тоа.
[/quote]

Абе не дека е претерано тежок, ама за тазе шофер кој вчера положил и во автошкола се научил да вози на некое пежо или што ти е знам, и ке дојде мисли лесно е во 40 годишна кола да седне и да ја вози, епа не е така. Не дека и мојот не прима, си ја прима гаста одма, без да засецка или било што, ама сепак 40 коња е, на плин, башка куплугот ептем доле фака, така го штелова таткоми, и немаш ама баш никаква толеранција некогаш да не го достиснеш до доле, мораш секогаш до крај за да смениш брзина. Али ај да не забегуваме многу многу од темата што е поставена

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1548 на: 26 Јули 2012, 16:24:28 pm »

Несакам многу да коментирам, ептен од почеток се вртат истите муабети, како доаѓат нови членови некои плачковци пробуваат да ги убедат во спротивното со истите коментари.

Бората влече многу, импресии до небо, ама краток здиф има, одека кај ауди А4 т бензинец чипуван тоа повеќе и поолго се осеќа, проследено со подобар звук.

Како што рече еден член, свеста послена се менува, ама само кај нас и некој затуцани земји. Сеуште ни праат фори за штедња и фураат некои дизели, секаде се зима по потреба кола, кај нас сите зимат дизел па дури и се курчат дека е подобро за перформанси и спортски дух, тоа се филмовите.

Јас во мене да имам пари за тб никогаш не би земал тд. Едино како втора кола или пак ако многу патувам. Некогаш парите се пречка.
+1

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1549 на: 26 Јули 2012, 16:24:40 pm »
Има едно правило ако може така да го кажам што ми го кажа татко ми кога учев да возам и се бунев зашто возам со Тико... за да знаеш да возиш нова кола треба прво да научиш да возиш стара кола... јас учев да возам со Тико на плин...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1550 на: 26 Јули 2012, 16:27:04 pm »
Точно. Јас 10 години возев стари коли. Некому му купиле од дома нова кола и сега 1.4 моторот му бил тромав, не знам квалитетот на изработката не му чинел.... драпај си мадињата.

Елате да го повозите кадетот една недела па кога ќе се вратите на новите коли да видите како ќе ги сакате. Мене спаркот ми прави кеиф бидејќи се вози ептен лесно и тивко за разлика од кадетот. Баш ме заболе дали Смартот бил премиум класа или не. Нова кола е нова кола :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1551 на: 26 Јули 2012, 16:35:19 pm »
Кога добро ќе размислам, мислам дека голем дел од ќефот кај дизелот доаѓа од физички поголемиот и помасивниот замаец. Заради поголемата компресија мора да биде поголем и потежок. И „влече“ бааги повеќе отколку кај бензинец (дури и тб).

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1552 на: 26 Јули 2012, 16:44:00 pm »
тоа што го нуди дизелот за парите е повеќе од одлично
ТБ е веќе скап луксуз,а кај нас во македонија е научна фантастика
да беше дизелот подобар од ТБ,во бугати ќе се вградеше дизел мотор и ќе тераше до 400 и кусур
но во секој случај ТД би поседувал како 1ва кола за регулар возење,патување,претицување,угорници и се тоа
ама и еден атмосферец V8+ или ТБ да си спие у гаража :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1553 на: 26 Јули 2012, 16:46:19 pm »
Зошто ТБ е луксуз? За слични перформанси плаќаш помалку.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1554 на: 26 Јули 2012, 16:50:33 pm »
Кога добро ќе размислам, мислам дека голем дел од ќефот кај дизелот доаѓа од физички поголемиот и помасивниот замаец. Заради поголемата компресија мора да биде поголем и потежок. И „влече“ бааги повеќе отколку кај бензинец (дури и тб).

Не, не мисли, не е така.
Замаецот е само и само да акумулира енергија која треба да ја предаде меѓу тактовите на палење за да ја стабилизира работата на моторот особено на ниски вртежи.
Кај дизелот е поголем заради поголемата нерамномерност во работата и поголемата енергија потребна во тактот на компресија.

Ако акумулира енергија за да ја искачиш подземната гаража, тогаш замисли колку време ке му треба да престане да се врти откако ке го изгаснеш автомобилот ?!?

Вртежниот момент е карактеристика, не е појава. И веќе сме дискутирале во една друга тема, но сепак за сите што заборавиле:
Вртешниот момент е: сила - N  на растојание -m - Nm
Моќноста е производ од моментот Nm и бројот на вртежи 1/sec - W
По мене најбитна е карактеристиката на моќноста низ распонот на вртежи ама произведувачите не ја даваат за да не се бунат купувачите.
Јас лично ги ценам позитивните карактеритики и на бензинците и на дизелите, и можеби Best of both worlds се електромобилите, бидејки нудат макс. момент од мирување (0 вртежи) и се 4 пати поекономични дури и од дизелите. Ама никој во оваа тема тоа не го споменува, дури ни друга тема нема во кој во коштец се фатени „тешките“ поборници за економичност и/или моќност.
П.С. Не, не заборавив за малата автономија на батериски погонуваните електромобили, само не е за сега ...  :)
« Последно менување: 26 Јули 2012, 17:14:22 pm ZokiPet »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1555 на: 26 Јули 2012, 16:52:21 pm »
Точно. Јас 10 години возев стари коли. Некому му купиле од дома нова кола и сега 1.4 моторот му бил тромав, не знам квалитетот на изработката не му чинел.... драпај си мадињата.

Елате да го повозите кадетот една недела па кога ќе се вратите на новите коли да видите како ќе ги сакате. Мене спаркот ми прави кеиф бидејќи се вози ептен лесно и тивко за разлика од кадетот. Баш ме заболе дали Смартот бил премиум класа или не. Нова кола е нова кола :)

Така е и затоа сеа коа читам дека атмосверците со зафатнина од 1.4 и 1.6 чија што сила се движи од 80 до 100 коња биле спори, и убаво викаш, да седне во кадетот и да види што е тромавост,  му стискаш гас и само бучава се слуша, идење јок, некна коа одев на пивофест едно тамче едвај го престигнав на рамно што се вика ( не до толку, ама сакам да кажам дека со 1.4 мотор далеку побрзо би го направил престигањето) и спори биле атмосферците со 90 коња, ма жити се. Башка кога ке го ставам во 4 и при вожња од 80 км на отворен пат вади интересен звук, особено што едната грана напред ми е малку скината :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1556 на: 26 Јули 2012, 16:54:13 pm »
А јас ако подобро размислам дизелот има повеќе ЊМ поради тоа што клипњачата е подолга и радилицата има поголем радиус. Односно клипот изминува повеќе пат при еден циклус односно сето тоа е потребно за да се постигне повисоката компресија. Ако замаецот е поголем тогаш предноста што се добива кога поголемиот замаец се врти се губи во тоа што треба повеќе енергија кога треба замаецот да почне да се врти или да забрза со вртење.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1557 на: 26 Јули 2012, 16:55:29 pm »
Еве пример шкода јети 1.2тси е 13 500евра со 105кс, и има 6брзини од која 6та е за автопат и крузање, а дизелот 2.0тди со 110кс и 5брзини е 17500 евра, бензинецот е со малку помала опременост, мислам дека има од обичното радио а дизелот има тач скрин, за јети од лагер правам муабет.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1558 на: 26 Јули 2012, 17:04:26 pm »
А јас ако подобро размислам дизелот има повеќе ЊМ поради тоа што клипњачата е подолга и радилицата има поголем радиус. Односно клипот изминува повеќе пат при еден циклус односно сето тоа е потребно за да се постигне повисоката компресија. Ако замаецот е поголем тогаш предноста што се добива кога поголемиот замаец се врти се губи во тоа што треба повеќе енергија кога треба замаецот да почне да се врти или да забрза со вртење.

да не се разберем епогрешно, не реков дека дизелот има повеќе момент заради поголемиот замаец. Само реков дека дел од ќефот лежи во поголемиот замаец.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1559 на: 26 Јули 2012, 17:14:46 pm »
Зошто ТБ е луксуз? За слични перформанси плаќаш помалку.

мислам на вистински ТБ со преку 200-300 коња
а ова 1.4 е косилица со турбо ништо посебно