Ај баш кажи ми што е тоа кај дизелот што ти прави голем мерак при возењето
1. Моментот на ниски и ултра-ниски вртежи - ме лепи за седиште БЕЗ да мора да урла моторот и да дига џева наоколу. Мускул.
2. Меѓузабрзувањата - поретко мењам брзини, поише се чешам за јајцата.
3. Тишината и рафинираноста при крстарење со умерени брзини на автопат. Дизелот пригушено брбори, бензинецот пригушено се дере.
4. Расположивоста на снагата - не морам да ја „барам“ на високи вртежи, туку ја имам веднаш и сега. Кога ќе стиснам гас колата иде одма, не чекам пола секунда или секунда за да „повлече“
5. Предвидливоста - линеарната дистрибуција на снагата
6. Доминацијата на угорници
Ти дефинитивно според мене не заслужуваш да имаш 50 000 000 евра на картица
Веројатно затоа и немам :-)