Епа на 2-3000 обртаи дизелот е појак. Нема бегање од тоа.
Моментот на 1.75 TBI kaj Alfa motorot e 340Nm pri 1900 вртежи. А и при 4.000 вртежи има отприлика ист торк. ЗОШТО би бил дизелот појак?!
па дај конкретна споредба да направиме па ќе можам да ти одговорам.
Ќе повторам три ствари:
1. турбобензинец со макс торк на ниски вртежи не сум возел
2. колите обично ги возиме на 2 до 3 илјади вртежи
3. на 2 до 3 илјади вртежи дизелите у принцип генерираат поише коња ради поголемиот вртлив момент
Ако сакаш да споредувам некој специфичен бензинец, кажи со кој специфичен дизелаш би требало да споредуваме. Не можам да споредам ТОЧНО ОДРЕДЕН бензинец со неодреден дизелаш.
Зборам у принцип, ги споредувам замислените просечни бензинци и дизели.
Како ќе одредиме кои два мотори да ги споредуваме? Еве, јас предлагам да споредуваме бенз вс дизел кои имаат слична цена.
Или, да споредиме бенз и дизел кои имаат слично коња.
слично кубици нема поента да споредуваме бидејќи обртаите на дизелот се ограничени и споредбата нема да биде фер.
Доколку споредуваме било кој бензинец од 100 коња со било кој дизелаш до 100 коња, бидете сигурни дека во тоа сценарио дизелашот ќе биде во секој аспект супериорен - но и поскап.