Од моите познавања, силата е производ на бризната на ротирање и обртниот момент.
Процедурално: Ова не е сила, туку моќност. Силата е моментот, кој се мери во њутнметри. Моќноста се мери во вати (или коњски снаги).
Што се однесува до темата: мене како возач ми е битен ЕДИНСТВЕНО моментот. Мењам 1.4 бензинец од 100 коња за 1.9 SDI од 68 коња во секој дел од денот и ноќта.
Коњите се маркетиншки податок, нешто слично на мегапиксели кај апратите. Не се ни приближно толку битни како што мислат луѓето. Навистина битното е моментот, т.е. неговата дистрибуција низ вртежите.
Коњажата не е воопшто мерка за снагата на моторот, туку за *максимално теоретски можната* снага на моторот. Повеќето од моторите ќе го истераат целиот свој век без било кога да ја постигнат таа максимална теоретски можна снага.
Од друга страна, во секојдневното возење, возачот редовно се соочува со максималниот момент.
Со други зборови, 1.9 SDI со максимум можни 68 коња ќе има во просек повеќе коњи од 1.4 со максимум можни 100 и кусур коња.