Смешата се осиромашува кај дизел горива
кај дизелите нема никаква смеша. Во цилиндерот влегува чист воздух. Горивото никогаш не се меша со воздухот туку при првиот контакт со него инстантно се пали.
Кај бензинците и тоа како има смеша. Смешата се прави во карбураторот (кај постарите мотори) или во усиснот (кај инџекшн). btw ме потсети ова дека кај авионските мотори има и посебна ручка со која механички се подесува смешата (rich/lean).
Не е баш дупло.... далеку е од дупло.. Уствари треба години да возиш, за да ја исплатиш премијата што си ја платил за дизел во салон.
напротив, со „европските“ цени на горивата е многу блиску до дупло. Рачунај колку километри проаѓаш со 1000 денари со споредливи бензинец и дизелаш и ќе видиш дека е опасно, опасно блиску до дупло. Не е БАШ дупло, ама е многу блиску.
Еве израчунај, споредливи б и д коли од сто-и-нешто коња: едната 8 литра бензин на отворено (8*83.5=
668 денари за 100 км), а другата 5 литра нафта на отворено (5*71=
355 денари за 100 км).
668/355=1,88 што е многу блиску до 2, т.е. многу блиску до дупло. Тоа му е јасно на секој кој преминал од бензинец на дизел од слична класа (значи не од спарк на туарег!)
разликата е околу 5 (пет) евра на 100 километра. А сеа ти израчунај после колку километри се вадат тие 1500-2000 евра разлика у цената... да ти заштедам време, парите се враќаат после околу 50.000 км... таман се разработила колата шо се вика, више влагаш у зоната на чист ќар.