Кога моторот не работи и ќе го отвориш лептирот, колку воздух влегува? Дали е исто тоа како и кога ќе ја нагазиш колата на неколку иљади вртежи?
Лептирот ја регулира количината ваздух која влага
при секој поединечен циклус. Ако мотор не работи - нема поединечен циклус.
Дали е исто тоа како и кога ќе ја нагазиш колата на неколку иљади вртежи?
Да,
при секој поединечен циклус ИСТО воздух ќе влезе и на 2000 и на 5000 вртежи. Колку е тој воздух зависи од отвореноста на лептирот.
Погрешно пишале
Е да бе :-) ај сеа...
или погрешно си разбрал.
OK, ajде да провериме. Вака вика:
"In a gasoline internal combustion engine, the throttle is a valve that directly regulates the amount of air entering the engine, indirectly controlling the charge (fuel + air) burned on each cycle due to the fuel-injector or carburetor maintaining a relatively constant fuel/air ratio."
Tи како го толкуваш ова? Прееска кажа „нема врска со температура и притисок, ниту пак може директно да го диктира влезот на воздух.“. I'd argue дека не само што - заедно со горивото - ги диктира вртежите (а со тоа и протокот на воздухот), туку дека има и тоа каква врска со температура/притисок (во термодинамиката заедно идат тие работи). Како што веќе обајаснив: при константен волумен (цилиндар) повеќе гас значи повеќе притисок а тоа значи поголема температура.
Со лептирот ДИРЕКТНО се контролира снагата која ја испорачува моторот! Кај бензинците (sans tsi/fsi) просто нема друг начин. Отворен лептир -> цилиндерот усисава повеќе воздух -> може да согори повеќе гориво -> снагата расте -> се усмукува повеќе гориво... Иначе, доколку ти си у право а ја не, кажи: за што воопшто служи лептирот ако не за регулирање на тоа колку ваздух ќе влезе при секој циклус? Ова више те прашав ама не одговори.
Колку воздух ќе влезе зависи од многу фактори, а само еден од тие фактори е отвореноста на клапната.
Во право си доколку разгледуваме колку воздух ќе влезе
во единица време (на пр 1 минута). Но, колку воздух ќе влезе
при секој поединечен циклус зависи само од 2 фактори: кубикажата на моторот и позицијата на лептирот.... уствари има и други фактори (атмосферски притисок и температура) али не збориме сеа за нив.
Клапната е само вентил кој може да го ограничи протокот, но не и да го генерира односно не да генерира притисок.
ниту го реков ниту го помислив тоа. Клапната е вентил, но мора да се потенцира варијабилен вентил. Не е само 1/0.
Мешаш некои работи. Сиромашна смеса е едно, а помало количество на смеса е друго.
Ништо не мешам. За гориво со повисок октански број да донесе заштеда во гориво мора смесата да се осиромаши: при секој циклус да има малце помалку гориво (заштеда) и малку повеќе воздух (подобра компресија=подобра ефикасност) за на крај снагата да биде иста за малку помалку потрошено гориво.
Прочитав на интерент и во право сум :-)
мислам дека нашите недоразбирања се должат на тоа што јас зборувам за воздух при поединечен циклус, а ти за воздух во единица време. Нели?