Значи сакаш да кажиш дека Плетвар на пример, на плин ќе го качваш со истиот степен и со иста брзина како на бензин ? ?
Не си прв со плин, кој и да го прашаш шо вози на плин, вели дека има и те како разлика во влечење на колата меѓу бензин и плин.. па сега можи не ти работи добро алфата на бензин 
п.с
Како “Негативности“ се: Стандардно со возењето на плин “губите“ до 10% од силата на моторот (додека кај максималната брзина тоа е помалку) ова е едноставно дека иста количина на плин и на бензин имаат различна калорична вредност (околу 10%) Овде не се калкулира и стручноста на уградувањето и “мајсторот“ така да може да дојде и до 20% разлика.
јас имав прилика да возам ауди А6 3.0 В6 со плински уред.се исплати многу повеќе судејќи по тоа што машината е доста голема.аудито имаше намалени перформанси но ако сакате да заштедите тоа не ви е многу важно.до 200 на час постигнуваше на авто пат што е и доста солидно.
баш тоа сакам да го кажам. 10% разлика во снага е на плочка плин. со новите плински уреди (која глупост е да се каже нови, бидејки веке 10 години се инсталираат само такви) тоа е сведено на 1-2% разлика и тоа таа разлика ја има бидејки се поставува плинскиот уред на минимум снага бидејки нели, плин ставаш заради економија. ако се крене плинскиот уред за 1 степен погоре можеш да добиеш дури и повеке снага на плин одколку на бензин. не го сматрајте плинот како губење снага. тоа е еден општи баук кај народот исто како до пред некое време што се збореше дека плинот ЗАТОА ШТО Е СУВ ГО ГОРИ МОТОРОТ ПОБРЗО... која глупост човече... одпосле се докажа дека уствари кола возена на плин, моторот подолго трае. тотално контра од баукот меѓу народот.
јас имам тестирано на плин повеке варијанти и имам добиено на иста кола повеке снага на плин одколку на бензин но со намалена заштеда.. ако претходно есапот бил 50% разлика сега е 40% а имам кола која од никој аспект несакам да ја возам на бензин пред се економија, па после и снага.
за 10% разлика во снага при користење на крајна сила и обртен момент има разлика само и само кај турбашите... е тоа е точно.. ама тоа е друга филозофија зашто и како се дешава... сепак е друга технологија и друг принцип на работа.. значи 10% губи на снага кај турбаш на стискање, над 4500 обртаи... во нормално возење нема никаква разлика ни кај нив.
плинот има помала калорична моќност? да.. ама октанска има поголема... сега шо прајме? плинот (зависи кој и од каде) има помеѓу 115 и 130 октани...