Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1886568 пати)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13845 на: 31 Декември 2013, 18:27:42 pm »
Во глобала се согласувам со тебе, и во право си со заклучоците и поделбата. Но немора да значи дека ако возиш дизел на кратки релации дека истиот ќе се распадне. Колата кај мене ја возам апсолутно секојдневно било на кратки, било долги релации. Досега ниеднаш ми се нема запалено ДПФ предупредувањето. А делот со глупости се однесуваше на муабетите што почнаа на предходната страна дека морало 500денари адитив на секој резервоар, тешки глупости. Ако е така апсолутно никој не би купувал дизел низ цел свет. Исто така не го пазам моторот претерано, се придржувам кон основите за секој мотор. Никако возење во високи обртаи додека не е загреан, никако гасење после подолга вожња, квалитетно уље и гориво, штедење кога се вози низ град.

Ако не сакаш не мораш да ставаш адитиви. Тие се ставаат со цел подобрување на квалитетот на горивото кое на ниво на балкан (освен Грција и Бугарија) е многу неквалитетно и погубно за прецизните современи дизели.
Не дај Боже некој дефект да се деси со дизните.
Во комон реил има огромни притисоци и деловите се изложени на ѕверски режим на работа. Најмала промена на квалитетот на горивото се чуствува лошо и има трајни последици по моторот.
Како на пример кај Тојот Д4-Д 3.0 моторот кој поради лошо гориво и нерамномерна работа на дизните доаѓа буквално до топење на клипови и тоа на 60000 до 80000Км. И затоа тие коли се толку ефтини како половни.
За проверка на дизни, одржување на таков систем и слично потребна е многу скапа опрема која за жал во Македонија ја нема. А ја нема ни во Србија ни во Грција (зашто таму слабо се вози дизељ).
Од современ дизел што согорува секакво гориво е само Мазда 6 како што покажала практиката.
500 денари не се ништо на еден резервоар. Не гледам поента во толку квалитетна и убава кола које е купена преку 3ХХХХ ЕУР да не се води сметка за заштита на горивните системи.

Отсутен TSI

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13846 на: 31 Декември 2013, 18:41:56 pm »
Графиците не го велат тоа. Графиците велат дека бензинецот е во предност над 3500 или така-нешто вртежи.

Од 0 до 3500 рпм дизелот е појак.

Значи, цепнат во високи вртежи - бензинецот е појак. Но тоа не се „сите режими“ ниту е „0-7000“. Бензинецот е појак само во втората половина од вртежите, вртежи во кои при нормално возење ретко се вози. Океј? При нормално возење, со шалтање докај 3000-3500, дизелот е појак, т.е. продуцира поише коњи. Ако ни со цртањево не помага, ако и даље се инатите дека бензинецот е „секогаш во сите режими 0-7000 бољи“... тогаш не знам што да кажам.

Значи, ако вртежите се 3000 или помалце (какви што се во 99% од времето!) и ако гасот се цепне до крај, дизелот ќе повлече повеќе т.е. ќе продуцира повеќе торк на погонските тркала. Појако ќе те залепи за седиште. Тоа е уште една предност на дизелот, покрај потрошувачката: при нормално возење е појак.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

За драг-рејс, тси-то е подобро и тука нема никаква дилема. За нормално возење со шалтање докај 3000-3500 дизелашот е бољи и тука - исто така - нема никаква дилема.

Гледам што велат графиците. Ај сега види ти што вели видеово, односно како тоа изгледа во пракса.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13847 на: 31 Декември 2013, 18:46:32 pm »
Ако не сакаш не мораш да ставаш адитиви. Тие се ставаат со цел подобрување на квалитетот на горивото кое на ниво на балкан (освен Грција и Бугарија) е многу неквалитетно и погубно за прецизните современи дизели.

Зошто тогаш произведувачите експлицитно не препорачуваат?

Гледам што велат графиците. Ај сега види ти што вели видеово, односно како тоа изгледа во пракса.


Видеово е снимано со педала до под и е шалтано на макс. рпм. Видеово е драг рејс. Видеово нема благе везе со вообичено возење. Штета што го нема обртомерот за да се види.

За драг рејс бензинецот е бољи. Доста ме убедувате у нешто што и самиот го знам.

Отсутен TSI

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13848 на: 31 Декември 2013, 18:51:49 pm »
Абе гледај од 1,14 натаму не се прај дека не разбираш некои работи.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13849 на: 31 Декември 2013, 18:52:50 pm »
Јас секој ден возам со педалата до под пошто дизелот не ми троши ;D.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13850 на: 31 Декември 2013, 19:11:25 pm »
Ја морав да го пробушам подот, за да почне да троши.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13851 на: 31 Декември 2013, 19:14:00 pm »
Ако не сакаш не мораш да ставаш адитиви. Тие се ставаат со цел подобрување на квалитетот на горивото кое на ниво на балкан (освен Грција и Бугарија) е многу неквалитетно и погубно за прецизните современи дизели.

Зошто тогаш произведувачите експлицитно не препорачуваат?


Видеово е снимано со педала до под и е шалтано на макс. рпм. Видеово е драг рејс. Видеово нема благе везе со вообичено возење. Штета што го нема обртомерот за да се види.

За драг рејс бензинецот е бољи. Доста ме убедувате у нешто што и самиот го знам.

Не препорачуваат затоа што во земјите на ЕУ горивото е блиско до идеалното за овие мотори. Кај нас не е така. Впрочем секој со својот памет.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13852 на: 31 Декември 2013, 19:14:11 pm »
First world problems  :-\

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13853 на: 31 Декември 2013, 19:18:42 pm »
Абе гледај од 1,14 натаму не се прај дека не разбираш некои работи.

Така. Така. Кригла пиво од мене, прва прилика.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13854 на: 31 Декември 2013, 19:28:00 pm »
Абе гледај од 1,14 натаму не се прај дека не разбираш некои работи.

Aj ти шо се разбираш, гледај како правилно се споредуваат коли:

2012 BMW 535i
2979 cm3 Line 6
Valvetronic
Twin Turbo
Power: 306 PS
Torque: 400 Nm
Curb weight: 1685 kg
Top speed: 250 km/h
0-100 km/h (s): 5.8
0-1 km (s): 25.1
Fuel consumption: EU urban/extra-urban/comb.:
11.1 / 6.3 / 8.1 l/100km
CO2 емисии во гр/km 188-194

2012 BMW 535d
2993 cm3 Line 6
Twin Turbo
Power: 313 PS
Torque: 630 Nm
Curb weight: 1725 kg
Top speed: 250 km/h
0-100 km/h (s): 5.5
0-1 km (s): 24.5
Fuel consumption: EU urban/extra-urban/comb.:
6.5 / 4.8 / 5.4 l/100km
CO2 емисии во гр/km 142-148




Дополнување:

535D vs 535i, од старт со гас до даска.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дополнување:

535D vs 535i, меѓузабрзување

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Бензинецот губи во секоја дисциплина. Парче го прават.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13855 на: 31 Декември 2013, 19:31:37 pm »
Еден единствен пример во светот. 1000 пати постиран тука. Со задоволство ја очекувам следната генерација трилитарски турбо бензинец во БМВ, бидејќи бензинците од  2.0л стигнаа веќе до оваа снага.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13856 на: 31 Декември 2013, 19:44:32 pm »

Гледам што велат графиците. Ај сега види ти што вели видеово, односно како тоа изгледа во пракса.


Она што не се гледа на графиците, а видото фино ти го доловува, е дека заради пресносот (затоа што моторот може да сврти 1,5 пати повеќе вртежи во режим на MAXtorgue) TSI -то далеку побрзо стига до 3000 вртежи отколку диезлот до 2000. Значи за исто време бензинецот развил снага од 30% повеќе иако има 10% помалце torque.

Отсутен TSI

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13857 на: 31 Декември 2013, 19:45:55 pm »
quote author=LosiPatista link=topic=61.msg582947#msg582947 date=1388514480]
Абе гледај од 1,14 натаму не се прај дека не разбираш некои работи.

Aj ти шо се разбираш, гледај како правилно се споредуваат коли:


Пази.... правилно.

Ти и правилно, во иста реченица никако не ми одат заедно.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13858 на: 31 Декември 2013, 19:52:55 pm »
И заборавив уште една моја забелешка.. Се сетив на искуството што го имав додека го возев Кашкаи 1.5 дЦИ (Скопје-Охрид-Маврово-Галичник).

лИ базирано на тоа сега ми текна зашто некои од дизелашите тука толку пропагираат возење на ниски вртежи.. Конкретниот мотор во конкретното возило НЕ НИ ИДЕШЕ НА ПОВИСОКИ ВРТЕЖИ. Почнувам да претицам, Woow.. Влече, си викам пак. woow.. И ОП ОДЕДНАШ НИШТО.. НЕМА. ПРАЗНО. Кај 2.0 дЦИ е подруга прикаска, и тоа ме бендисува како вози.

Така да , и јас да возам 1.5 дЦИ во Кашкаи, ќе се навикнам на возење на исклучиво ниски вртежи и тоа само во еден определен ранг, зашто над тоа не ни иде (а може и јас не знам да возам дизели).

Од друга страна кај Шкода Јети 2.0 ТДИ 110 кс, беше далеку подобро чуството, па можда сепак не е до мене (таму одеше полинеарно). Ама па во исто време, 1.8 ТСИ вози уште уште подобро :)


поздрав


Дарко

п.с. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА НА СИТЕ, И ВО НОВАТА ГОДИНА ДА ВОЗИТЕ ВОЗИЛО СО БАШ ТАКОВ МОТОР КАКОВ ШТО ПОСАКУВАТЕ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ Е ДИЗЕЛ ИЛИ БЕНЗИН :), И ДА ИЗВОЗИТЕ МНОГУ КИЛОМЕТРИ ВО ХАРМОНИЈА, И ДА СТИГНЕТЕ НА НОВИ ХАРМОНИЧНИ МЕСТА.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13859 на: 31 Декември 2013, 19:54:20 pm »
Другарче вчера си купи Мерцедес Ц220 ЦДИ  2.200cc 125hp 300 Nm... трга не велам не, ама не е то то. Таман го згазнал до патос почнува да влечи и мора да смени за да не рика како да го колат и некако со тоа ми се губи она чувство на убаво повлеквање.