Друже ај малце застани и размисли што си напишал.
Важи. Одиме:
Прво, тест на силата од 1000 до 2000 вртежи во минута, во степен во кој бензинецот постигнува повисока максимална брзина не ти е релевантен, после една страна пишуваш дека бензинецот само над 4000 вртежи имал предност, ама тоа не било реално возење.
Да. Возење на 4000 рпм не е реално возење. Не веруваш? Ѕирни во сопствениот обртомер додека возиш.
Секоја споредба во која бензинецот победува, за тебе по автоматизам е во некој нереален режим.
Да. Драг рејс е нереален режим, не во смисла што драг рејсингот е не се случува во реалноста, туку дека секојдневното возење не е такво.
Цело време се фалите, ќе сте претицале камион на автопат во висока брзина без потреба да шалтате, и еве ви тест каде што турбо бензинец со иста цена, го прави пуздер дизелот во таков тест и одма тоа станува ирелевантно и тотално неупотребливо во реален живот.
Не го прави пуздер. Види ги графиците.
Наспроти сите ваши стереотипи со корени од минатиот век, турбо-бензинецот развива поголема сила на пониски вртежи, иако на хартија дизелот има малку поголем торк.
Повторно: види ги графиците. Таму имаш не само торк туку и киловати. Очигледно ќе треба да ги толкуваме заедно. Па, ајде, ќе заборавиме на торкот, гледаме само коњажа:
1500 рпм: тди 74 коња, тси 70 коња
2000 рпм: тди 108 коња, тси 100 коња
2500 рпм: тди 134 коња, тси 120 коња
3000 рпм: тди 160 коња, тси 147 коња
3500 рпм: тди 181 коњ, тси 174 коња
Над 3500
и само над 3500: бензинецот е појак.
Toa значи дека ако при секодневното возење шалташ докај 3000-3500 рпм, дизелашот ќе биде појак. Не многу појак, но појак.
А ако пак некој каже дека „не, не, од 0-7000 бензинецот е појак, во сите режими е појак“ тогаш... тогаш не знам што повеќе да кажам.
Да не ме разбереш погрешно: мојот респект кон тси моторите е бескраен. Милина е да ги возиш. Но дека биле секогаш во сите околности појаки од соодветниот дизел, тоа е просто неточно.