Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 553772 пати)

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2265 на: 19 Февруари 2025, 09:45:02 am »
Секој еден овластен сервис на било кој бренд во светов, без разлика дали е возило или некоја друга стока, нема помалце маржа на сервис од 70%, и така и треба да биде.
Седнете удрете рачуница па ќе ве прашам, ако ставиш маржа 20-30% нема на крај да излезеш со финансии, само во була влегуваш.
Не рачунате дека од таа маржа, како што пиша Марјан, се купува и редовно менува алат, дигалки, трошок на возила...
Кога тестирате возила, плаќате или не? Треба ли тоа да се покрие?
Многу работи има што не ги гледате, а се реален трошок, да не набројувам натака...

Порше Македонија во 2023 има добивка од 4 милиони евра.
Мак Аутостар во 2023 има добивка од 6,5 милиони евра.
Еуроимпекс во 2023 има добивка од 2,35 милиони евра.
М Кар во 2023 има добивка од 3,56 милиони евра.
Автонова во 2023 има добивка од 3 милиони евра.

Нема математика, точно.

Па веројатно добивкава им е од продажба на возила или све е од сервис? :)

Добивката е комбинирана, но растот на добивките на импортерите е енормен. Еве се фативме за Порше и во
2019 - добивка 2,3 милиони,
2020 - Корона криза
2021 - Корона криза
2022 - добивка 2,1 милион,
2023 - добивка 4 милиони (раст од 90,1% во однос на 2022)

2023 vs 2022, раст на вкупен приход 58%, раст на вкупни трошоци 57%, соодност скоро линеарен, а добивката значајно повисока.

Секако дека за детална анализа треба време и повеќе податоци, но ова е добар индикатор дека маржите се значајно покачени.

Тек за 2024 кога ќе излезат финансиките податоци ќе биде интересно.





Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2266 на: 19 Февруари 2025, 12:16:53 pm »
Порше Македонија 2023:
- вкупен приход - 5.690.372.000 денари
- добивка - 248.501.000 денари.

Добивката е само 4.37%... тоа не е колење, тоа е далеку од висока маржа...

Од трошоци - само за тоа има над 100 вработени со просечна НЕТО плата од 74.000 денари (бруто 122.000)...

@zeroSignal извини за погорниот офф-топик... Гледам си набавил од АМСМ за помош на пат... немам проверено, после истек на гаранција  од Порше, дали може да се набави нивната мобилна гаранција (и дали знаеш цени)?
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2267 на: 19 Февруари 2025, 13:44:28 pm »
Искрено, неам појма, баш ќе прашам.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2268 на: 19 Февруари 2025, 13:49:10 pm »
Однапред се извинувам за ОТ,ама сериозни сте со бројкиве од компаниите бе луѓе.
Како да не знаеме какви не превари се прават да се одбегни данок да се плати или шо помалку да се плати.
Не сме деца на 12г со вакви муабети да се лажиме,па на крајот уште и да почниме да го сожалуваме оти со мали маржи работат.😂😂😂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2269 на: 19 Февруари 2025, 14:01:03 pm »
Порше Македонија 2023:
- вкупен приход - 5.690.372.000 денари
- добивка - 248.501.000 денари.

Добивката е само 4.37%... тоа не е колење, тоа е далеку од висока маржа...

Од трошоци - само за тоа има над 100 вработени со просечна НЕТО плата од 74.000 денари (бруто 122.000)...

@zeroSignal извини за погорниот офф-топик... Гледам си набавил од АМСМ за помош на пат... немам проверено, после истек на гаранција  од Порше, дали може да се набави нивната мобилна гаранција (и дали знаеш цени)?

И останати трошоци од скоро 1 милион евра кои треба добро да се видат што се.
Маржата од само 4,4% за оваа индустрија и не е малку, не гледај ти трговија со храна.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2270 на: 19 Февруари 2025, 14:03:12 pm »
@Volvo сигурен си за бројките макаутостар и порше?
Порше работи и сервис/одржување на државни возила, па по некоја логика, треба да се први на листава, а уствари мак-ауто има скоро 1.5 повеќе добивка.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2271 на: 19 Февруари 2025, 14:07:08 pm »
Однапред се извинувам за ОТ,ама сериозни сте со бројкиве од компаниите бе луѓе.
Како да не знаеме какви не превари се прават да се одбегни данок да се плати или шо помалку да се плати.
Не сме деца на 12г со вакви муабети да се лажиме,па на крајот уште и да почниме да го сожалуваме оти со мали маржи работат.😂😂😂

Ај сеа и ти, не гледаш дека цело време со загуби работат.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2272 на: 19 Февруари 2025, 14:16:19 pm »
@Volvo сигурен си за бројките макаутостар и порше?
Порше работи и сервис/одржување на државни возила, па по некоја логика, треба да се први на листава, а уствари мак-ауто има скоро 1.5 повеќе добивка.

Мак Аутостар продава само премиум сегмент што секако има поголема маржа од непремиум.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2273 на: 19 Февруари 2025, 14:39:19 pm »
Однапред се извинувам за ОТ,ама сериозни сте со бројкиве од компаниите бе луѓе.
Како да не знаеме какви не превари се прават да се одбегни данок да се плати или шо помалку да се плати.
Не сме деца на 12г со вакви муабети да се лажиме,па на крајот уште и да почниме да го сожалуваме оти со мали маржи работат.😂😂😂

Ај сеа и ти, не гледаш дека цело време со загуби работат.
Еден од по истакнатите Битолски угостители вели: "се нема,вервајте од дома се носи".
Секоја втора година нов хотел или ресторан.
Мме кој прв почна.😂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2274 на: 19 Февруари 2025, 17:44:16 pm »
Пишував пред десетина години за ревизијата во Порше, некои и ќе се сетат, си тера по стариот терк и добивките се дуплираат. Воопшто не сум изненаден.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2275 на: 21 Февруари 2025, 18:09:34 pm »
Земете во предвид дека Порше Македонија има странски сопственик. Нормално е заработката да си се повлекува таму. Логично е тоа да ја намалува добивката во МК.
@R2D2 од некоја за нив позната причина Порше МК не нуди накнадно купување на продолжена гаранција. Други импортери на Порше (на пример Порше Словенија) има таква опција. Тука, ја имаш само првичната можна доплата при купување на ново возило. Ако возите многу км годишно се исплаќа таа од 5 години.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2276 на: 21 Февруари 2025, 22:25:27 pm »
Земете во предвид дека Порше Македонија има странски сопственик. Нормално е заработката да си се повлекува таму. Логично е тоа да ја намалува добивката во МК.
@R2D2 од некоја за нив позната причина Порше МК не нуди накнадно купување на продолжена гаранција. Други импортери на Порше (на пример Порше Словенија) има таква опција. Тука, ја имаш само првичната можна доплата при купување на ново возило. Ако возите многу км годишно се исплаќа таа од 5 години.

Порше Македонија е држава во држава. Колку сакаат толку наплаќаат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2277 на: 21 Февруари 2025, 22:34:46 pm »

Порше Македонија е држава во држава. Колку сакаат толку наплаќаат.
Сите сервиси (овластени и неовластени) исто толку наплаќаат - колку сакаат. Никој не наплаќа колку јас што сакам да ми наплати :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2278 на: 21 Февруари 2025, 22:43:08 pm »
Пишував пред десетина години за ревизијата во Порше, некои и ќе се сетат, си тера по стариот терк и добивките се дуплираат. Воопшто не сум изненаден.
Пиша, ама не допиша. Чекаше да ти заврши NDA. Ако ти заврши пуцај.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2279 на: 22 Февруари 2025, 01:22:01 am »
Забегавме од темта  ;)
« Последно менување: 22 Февруари 2025, 08:40:06 am yarre »