Секој еден овластен сервис на било кој бренд во светов, без разлика дали е возило или некоја друга стока, нема помалце маржа на сервис од 70%, и така и треба да биде.
Седнете удрете рачуница па ќе ве прашам, ако ставиш маржа 20-30% нема на крај да излезеш со финансии, само во була влегуваш.
Не рачунате дека од таа маржа, како што пиша Марјан, се купува и редовно менува алат, дигалки, трошок на возила...
Кога тестирате возила, плаќате или не? Треба ли тоа да се покрие?
Многу работи има што не ги гледате, а се реален трошок, да не набројувам натака...
Порше Македонија во 2023 има добивка од 4 милиони евра.
Мак Аутостар во 2023 има добивка од 6,5 милиони евра.
Еуроимпекс во 2023 има добивка од 2,35 милиони евра.
М Кар во 2023 има добивка од 3,56 милиони евра.
Автонова во 2023 има добивка од 3 милиони евра.
Нема математика, точно.
Па веројатно добивкава им е од продажба на возила или све е од сервис?
Добивката е комбинирана, но растот на добивките на импортерите е енормен. Еве се фативме за Порше и во
2019 - добивка 2,3 милиони,
2020 - Корона криза
2021 - Корона криза
2022 - добивка 2,1 милион,
2023 - добивка 4 милиони (раст од 90,1% во однос на 2022)
2023 vs 2022, раст на вкупен приход 58%, раст на вкупни трошоци 57%, соодност скоро линеарен, а добивката значајно повисока.
Секако дека за детална анализа треба време и повеќе податоци, но ова е добар индикатор дека маржите се значајно покачени.
Тек за 2024 кога ќе излезат финансиките податоци ќе биде интересно.