Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 553774 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2235 на: 18 Февруари 2025, 11:40:40 am »
Баш поради нашиот менталитет на "ако ти чини добро" стасавме на ова дереџе како држава. Што тогаш е таа фама со цените во маркет. Ако ти чини леб 100 денари купи, ако не трпи. 

Не е работата на кој што му чини, туку дека не стрижаат кај стасаат вкучително и овластени сервиси со 75% маржа. Ако еден филтер што го плаќаш 1.000 МКД има 75% маржа, значи истиот е купен со 570 денари плус маржата на тој што го продал, па види колку е квалитетен односно колку чини да се изработи. Нова кола салон и на 50.000 да и менуваш масло ќе издржи до 150.000 колку што им е гаранцијата, проблемот е после тоа. Ако се е екстра квалитетно и супер одржувано, откако ќе помине гаранцијата, тоа возило ќе треба барем уште 150.000 да се вози со редовно одржување, а не да почне да се расипува скоро се.

И друго, не за џабе сите сервисери во овластени салони, имаат приватен сервис дома.
Па нормално дека и за лебот е исто, јас зошто не бојкотирам. Не можеш да си во позиција да бојкотираш кога си зависен од тоа што го бојкотираш. Замисли ако маркетиве решат да бојкотираат една недела колку луѓе ќе умрат за јадење? Ако имаш свое производство воопшто нема да ти е гајле колку пари е лебот, млекото, сирењето или патлиџаните. Исто е и со цената на овластен сервис, нема како да се буниш против неа затоа што од самиот старт некој ти објаснил дека за да имаш гаранција треба да одиш на сервис кај нив. Едноставно е, и во двата случаја не си во позиција да се буниш затоа што свесно го прифаќаш тоа. Зеро можел и кај Митревски да ја однесе, или кај Саше, или сам да го смени, а можеби и да вози така затоа што ете не прометил дека е дефект. Имал пари да си дозволи најдобра услуга и квалитет за себе и го направил тоа.
На крај, ако некој нема пари да плати промена на моторче (еден од поевтините дефекти), колата не е за него. Затоа секоја втора по улица е канта.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2236 на: 18 Февруари 2025, 12:18:14 pm »
Секој еден овластен сервис на било кој бренд во светов, без разлика дали е возило или некоја друга стока, нема помалце маржа на сервис од 70%, и така и треба да биде.
Седнете удрете рачуница па ќе ве прашам, ако ставиш маржа 20-30% нема на крај да излезеш со финансии, само во була влегуваш.
Не рачунате дека од таа маржа, како што пиша Марјан, се купува и редовно менува алат, дигалки, трошок на возила...
Кога тестирате возила, плаќате или не? Треба ли тоа да се покрие?
Многу работи има што не ги гледате, а се реален трошок, да не набројувам натака...

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2237 на: 18 Февруари 2025, 12:52:30 pm »
Не е само во Македонија скапо во овластен сервис, те е поскапо него ли во неовластен. И во Германија е исто, и барем јас пре би ја носел во истиот овластен каде што ја носев до сега, освен ако не најдам некој по препорака што иде со години и е задоволен.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2238 на: 18 Февруари 2025, 12:57:21 pm »
Во најмала рака, еве вака. Треба ли вработените и сервисерите да добиваат поголеми плати? Тие пари од каде ќе дојдат? Сигурно нема магично да се створат, туку ќе дојдат од продажба на возила и возила донесени во сервис.

Сите сакаме поголеми плати, а не сакаме да платиме повеќе за некој друг да земе поголема плата.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2239 на: 18 Февруари 2025, 13:33:41 pm »
Чекајте малку сеа...

Сакате да кажете дека ЦЕЛАТА заработка оди за плати, обуки, кафиња, чистачки и слично?

Нека си ја обуздаат лакомоста за поголем профит "газдите" и еднаш нека сфатат дека без работникот и нив нема да ги бива.

Симпл.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2240 на: 18 Февруари 2025, 13:35:10 pm »
Не е битно колку се плаќа во сервис туку колку од твоите приходи е тоа. Се додека вкупните трошоци за возилото се испод 10-15 проценти на добар пат си.
Бројката како бројка е релативна работа. Кога ќе ја совладаме таквата филозофија за поседување автомобили подобро ќе биде за сите.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2241 на: 18 Февруари 2025, 13:35:40 pm »
Дека тука почна муабетот, ако смета Зеро дека е подобро во темата Официјални сервиси да се премести, за да не му ја реметиме темата.

Да појаснам и да се надоврзам на мојот првичен коментар и ќе биде појасно зошто не ги готивам Порше, тоа датира од поодамна, ова со цените на деловите и услугата е секако плус.

Додека возев Голф 5, го сервисирав во Де Лукс Куманово (овластен за VW) цело време, иако колата тогаш беше (мислам на 2018 година како настан) 14 години стара.

Во Скопје ми се глави ПК каишот (не знам дали имаше врска интервенцијата на компресорот на климата кај Цеко). Се јавувам во Де лукс, имам печат во сервисната за „мобилна гаранција“, ми кажаа слободно јави се во Порше Скопје.

Се јавив во Порше Скопје, се чудеа првин, после 20 мин ми кажаа дека ќе пратат шлеп (еден аматер од онаа страна на Вардар со импровизирано возило).

Стигнавме во Порше, не можеа веднаш да видат што е работа, проверуваа пак како е можно 14 години стара кола да има мобилна гаранција (ваљда јас сум еден од ретките што го рпавел тоа), сакаа а повеќе не сакаа да ми дадат заменско возило.

Додека отидов на локацијата каде беше Шкода (тогаш таму им беше лоцирано тоа за заменски коли), се јавуваат, го нашле проблемот, не му давајте кола.

Се враќам во Порше, ми викаат, мора да се менува комплет компресорот со уште некоја работа, 110.000 денари ако сакаш. Колата беше на исто место каде ја остави шлеп возилото, *бате професионалниот и извикан скап сервис кој тоа го констатира со фрлен поглед во моторниот простор. Немаше простор за дискусија, викнав АМСМ шлеп и правац Цеко.

Кај Цеко, ја отвараат халбата, се вртат накај мене и ми викаат, зошто си плаќал шлеп, зошто не ти го вратиле ПК каишот во Порше, испаднат да ти бил, го наместија за 2 минути и ми кажаа дека слободно може да ја возам колата.

Не било доволно што 14 години било плаќано во овластен сервис за да малку се позамараат, па барем да ја кренаа колата на дигалка, ако ништо друго. За 2 минути работа морав пак да викам шлеп, цел ден изгубен, нервози и за џабе пари.

И тоа ли е по протоколи и стандарди, заколи кого можеш, не се замарај со клиентот да му го местиш ПК каишот, тоа чини 500 денари, вака барај му 110.000 денари.

Ако веќе толку чинат услугите, маржи, протоколи, барем да се врати со малку внимание и време.

Зеро извини уште еднаш за офф, можеби е најдобро во друга тема, ама морав да се надоврзам.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2242 на: 18 Февруари 2025, 13:38:53 pm »
Не бе, мали им се платите на вработените и кафето е скапо дур чекам.

Не дека газдата сака лесна пара, не.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 310
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2243 на: 18 Февруари 2025, 13:50:48 pm »
Во најмала рака, еве вака. Треба ли вработените и сервисерите да добиваат поголеми плати? Тие пари од каде ќе дојдат? Сигурно нема магично да се створат, туку ќе дојдат од продажба на возила и возила донесени во сервис.

Сите сакаме поголеми плати, а не сакаме да платиме повеќе за некој друг да земе поголема плата.

Да да, во Ми-Да кога го однесов Тусонот под гаранција за рѓата, не беше вратен поклопецот на А столбот (така ли се вика тоа на возачка врата), ми ја предадоа така. Кога влегов и им кажав, ме тераа да довозам позади во сервисот и почнаа две деца (проценка имаа 18-19 год) да го лупаат со рака прво, пред да констатираат „еј мора да ја внесеме да средиме“.

Да има квалитет во сервисиве, па да им платиш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2244 на: 18 Февруари 2025, 13:52:57 pm »

@TylerMkD

Ова е веќе сасвим друга тема на разговор.

При што се слагам со констатираното, потполно.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2245 на: 18 Февруари 2025, 13:54:50 pm »
Во Македонија и да сакаш да одиш по навидум сигурен пат и си платиш колку што треба, ќе добиеш тиња услуга :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 310
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2246 на: 18 Февруари 2025, 14:05:18 pm »
Во најмала рака, еве вака. Треба ли вработените и сервисерите да добиваат поголеми плати? Тие пари од каде ќе дојдат? Сигурно нема магично да се створат, туку ќе дојдат од продажба на возила и возила донесени во сервис.

Сите сакаме поголеми плати, а не сакаме да платиме повеќе за некој друг да земе поголема плата.

Да да, во Ми-Да кога го однесов Тусонот под гаранција за рѓата, не беше вратен поклопецот на А столбот (така ли се вика тоа на возачка врата), ми ја предадоа така. Кога влегов и им кажав, ме тераа да довозам позади во сервисот и почнаа две деца (проценка имаа 18-19 год) да го лупаат со рака прво, пред да констатираат „еј мора да ја внесеме да средиме“.

Да има квалитет во сервисиве, па да им платиш.

@TylerMkD

Ова е веќе сасвим друга тема на разговор.

При што се слагам со констатираното, потполно.

Баш е во контект на неговата рационализација - ако сакаш квалитет, плати квалитет. Еве јас платив редовен сервис кај нив + имав гаранција, па пак неискусни деца пробаа со боксови да местат столб кој има вграден аирбег во него.

Тоа што го пишува е идеализација, секој знае дека така треба да биде, ама не е.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2247 на: 18 Февруари 2025, 14:14:07 pm »
Секој еден овластен сервис на било кој бренд во светов, без разлика дали е возило или некоја друга стока, нема помалце маржа на сервис од 70%, и така и треба да биде.
Седнете удрете рачуница па ќе ве прашам, ако ставиш маржа 20-30% нема на крај да излезеш со финансии, само во була влегуваш.
Не рачунате дека од таа маржа, како што пиша Марјан, се купува и редовно менува алат, дигалки, трошок на возила...
Кога тестирате возила, плаќате или не? Треба ли тоа да се покрие?
Многу работи има што не ги гледате, а се реален трошок, да не набројувам натака...

Порше Македонија во 2023 има добивка од 4 милиони евра.
Мак Аутостар во 2023 има добивка од 6,5 милиони евра.
Еуроимпекс во 2023 има добивка од 2,35 милиони евра.
М Кар во 2023 има добивка од 3,56 милиони евра.
Автонова во 2023 има добивка од 3 милиони евра.

Нема математика, точно.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2248 на: 18 Февруари 2025, 14:24:41 pm »
Во најмала рака, еве вака. Треба ли вработените и сервисерите да добиваат поголеми плати? Тие пари од каде ќе дојдат? Сигурно нема магично да се створат, туку ќе дојдат од продажба на возила и возила донесени во сервис.

Сите сакаме поголеми плати, а не сакаме да платиме повеќе за некој друг да земе поголема плата.

Затоа што така ни ги перат мозоците. Висината на платата не е воопшто важна туку куповната моќ на 100 парични единици. Се друго е инфлациона спирала.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2249 на: 18 Февруари 2025, 14:30:22 pm »
Во најмала рака, еве вака. Треба ли вработените и сервисерите да добиваат поголеми плати? Тие пари од каде ќе дојдат? Сигурно нема магично да се створат, туку ќе дојдат од продажба на возила и возила донесени во сервис.

Сите сакаме поголеми плати, а не сакаме да платиме повеќе за некој друг да земе поголема плата.

Да да, во Ми-Да кога го однесов Тусонот под гаранција за рѓата, не беше вратен поклопецот на А столбот (така ли се вика тоа на возачка врата), ми ја предадоа така. Кога влегов и им кажав, ме тераа да довозам позади во сервисот и почнаа две деца (проценка имаа 18-19 год) да го лупаат со рака прво, пред да констатираат „еј мора да ја внесеме да средиме“.

Да има квалитет во сервисиве, па да им платиш.

@TylerMkD

Ова е веќе сасвим друга тема на разговор.

При што се слагам со констатираното, потполно.

Баш е во контект на неговата рационализација - ако сакаш квалитет, плати квалитет. Еве јас платив редовен сервис кај нив + имав гаранција, па пак неискусни деца пробаа со боксови да местат столб кој има вграден аирбег во него.

Тоа што го пишува е идеализација, секој знае дека така треба да биде, ама не е.

Не сум сигурен дека се разбираме.

Имено, сега разговараме за цената на услугата, примарно.

Тоа дека за таа цена се добива никаква услуга е апсолутно важно и точно, но и поради тоа што темата е цената на услугата, пишав дека е друг муабет.

Потполно се согласувам дека ај шо е прескапо, туку ни од далеку не е задоволително во однос на квалитет.