После 6 месеци користење на колата за прв пат денес бев во РедАуто Битола, официјален за Рено, за компјутерска дијагностика и визуелна проверка на подвозје, течности.
Дијагностика и проверка 800ден, немаше да ми раситни и со 700ден поминав.
Антифриз -35.
Што не ми чини:
-/ 2 спони волан - 2х 1100 ден
-/ чаури трап сет - 2200 ден
-/ пиксна волан - 850 ден
-/ плочки задни - 850-1400 ден (сет така?)
Комплет: 6650 ден без работна рака.
Многу информации за мене оти како напишано така овде го препишувам,
и појма немам точно кои делови се овие и нивното соодветно име на англиски, народските термини ич не ги знам.
Доколку некој не го мрзи,
еве линк за мојата кола па да ми посочи кои се овие, со исклучок на плочките.
Друго, јас што сакам да сменам оти ми е непознато, а 4-5 години сигурно ќе си ја терам:
-/ ребраст каиш - 5900 ден (претпоставувам и затегачот е тука) / Gates
-/ ПК каиш - 1100 ден / Gates
-/ Ролер за ПК - 1100 ден
-/ Водна пумпа - 2500-2900 ден
-/ Раб. рака 3500 ден.
Комплет на личната желба: 14500 ден маx.
Комплет INA 165€ - 10000 ден најевтино. Ако е овде толку, зошто истото кит INA би бил поевтин во МК во некое продавниче?
Трето, држач на мотор, можи да почека тој:
-/ за три месеци - 2500 ден
-/ за повеќе од три месеци - 4200-4800 ден.
Цениве се претпоставувам за заменски афтермаркет делови, можеби и за некои и оригинал, не знам.
Ваше мислење било какво, оти моето вака не е толку страшно, добивам гаранција и си го продолжувам
мојот век со намалување на стресот од трчање по продавници и мајстори.