Не, тоа со обртаите се стори откако го ставив плинот.
Сакајќи да го решам тој проблем, бев советуван да прештелувам вентили. Прво вентилите ги штелуваше Маршер и ми менуваше ребраста каиш и се си беше океј освен што тропаа многу и ме нервираше звукот. После ме посоветува да одам до Олимпија моторс, чунки они таму имале искуство со такви мотори.
Отидов таму малце да ги стегнат и откако ми ја вратија колата под мала гас моторот не работи убаво, тресе, не прима добро гас, има чуден звук кај издувот како некои детонации, гуши кога ќе стиснеш на гас кога е незагреан моторот и потрошувачката на плин ми порасна од 7 литра во град на окулу 9 литра.
После неколку рекламации, и оставања на колата, немајќи идеја што да прават, почнаа да ме убедуваат како така треба, и како други спаркови што доаѓале на сервис го имале истиот проблем, па газдите не се жалеле. До плинот може да било, ама никаков дефинитивен одговор. Проблемот го има и на бензин и на плин.
Поентата е што јас колата ја имам уште од салон и знам како треба да работи моторот. Колата е нова, има поминато 70.000км. Одржувана е секогаш на време со квалитени масла, возена домаќински.
Бев трпелив, бев великодушен, ама не дозволувам некој да ме прави идиот. Ветија дека ќе ме повикаат кога ќе се консултираат или ќе добијат идеја, но поминаа два месеца и кој ме ебе, никаде ги нема.
Чао рагаци, повеќе не се враќам таму.