@aronmacedon Еве вака... На пример, 425 бода е ставка која постои во Алкалоид само на папир. Од последниот апдејт на законот за минимална плата на ниво на држава (кога беше, годинава или лани), ниту еден ново вработен во Алкалоид не е вработен со ставка 425 бода, туку, 450 (минимум). Значи такви луѓе за кои збориш, нема. Што значи минимумот е 21.600, а со покачувањето на бодовите од денес, и повеќе.
Ти си знаеш што и како. Не знам како стојат работите по регулаторни, или продажби... Ама , јас тврдам, дека процентуално незадоволните се многу помалку на број одколку задоволните. Ти кажуваш дека луѓето што си одат дека си одат заради плата, ама истите тие луѓе во излезно интервју наведуваат друга причина... Која ќе ја земеме за веродостојна?
Факт е дека измислувањето на еден куп други менаџерски позиции нема да подобри ништо, така си е. Само тие се измислени за да затнат нечија уста. Така било, и ќе биде. Секаде, а и кај нас. За некои луѓе или група на луѓе Алкалоид ти е подобар и од државна администрација.
За службените телефони, никогаш не престанало да се дава. Секогаш се давало, можеби има одредени моменти кога е дефицит за телефони од некои групи на корисници. Како на пример, во моментов, за најниската категорија на корисници ( телефон до 12 или 14к), телефони нема (можеш и сам да прашаш, ако сакаш да се увериш). И нема да има до Ноември. Додека за наредната категорија, има сеуште на лагер. Се зависи од претпоставениот на одделот колку е реално заангажиран на таа тема. Телефони, како такви, не се раздолжуваат, и следуваат по правило на секои 3 години (верувам дека ова го знаеш), а дел од вработените зимаат дури и пред да поминат тие 3 години. Голем дел од вработените ги продаваат телефоните, некои одма (неотпакувани), а некои подоцна. Конкретно има луѓе што не работат во Алкалоид, а се врзани со некој кој не сака да го користи телефонот кој му е доделен, ги продаваат истите телефони ( со вредност и над 500-600 евра ) на луѓе надвор од фабрика. Ништо ново. Тоа е така со години.