Не во секоја фирма важи дека ако знаеш и ќе напредуваш.
Во најголемиот дел од фирмите за да напредуваш потребно е да си само послушник на претпоставените, без да даваш идеи или некогаш да се спротиставиш и цврсто да застанеш зад својата одлука.
Во фирмата во која што работев периодот од 2019та до 2020та, за да се напредуваше мораше да се биде послушник на газдата, нема ти што многу идеи да даваш, туку одиш на состанок и состанокот е проформа, тој си кажува како треба, ти само ке кимнеш со главата и ќе пренесеш на вработените од својот сектор каде што си.
Јас гулаби писмоносци ги викав таму во таа фирма претпоставените.
Исто така втор клучен фактор за да се напредуваше во таа фирма беше да му кажеш на газдата дека заради преголемиот обем на работа, ќе доаѓаме во саботи и недели (неплатено, само бурек за доручек и хамбургер за ручек се даваше) и да се доработела недовршената работа. Никако да побараш екстра работник или пак да се плати прекувременото, одма персона нон грата си, става цртка во тефтерот негов.
Така да не секаде функционира системот на знаење, воглавном е на послушност, потчинетост. Ако изнесуваш идеи значи си различен од другите, особено од претпоставените, па ќе те гледаат како закана.
Има исклучоци, ама тие се помал број од овие како што наведувам дека се функционира. Нажалост.....