Автор Тема: Вработување  (Прочитано 664517 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Вработување
« Одговори #4620 на: 25 Јули 2023, 11:15:58 am »
Дечки, јебеш плата. Прајте пари.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Некои мораме да работиме. ;D

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2178
Вработување
« Одговори #4621 на: 25 Јули 2023, 12:13:56 pm »
Дечки, јебеш плата. Прајте пари.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Некои мораме да работиме. ;D
Додека си на работно место во работно време

- ако е можно пробај да работиш за себе дур им зимаш плата
- барај комбинации со план што поскоро да се ослободиш од работно време и да ги искористиш тие 8 саати за себе и свој бизнис или самовработување.

Сум работел 15 години за друг и никогаш повеќе во мојот живот нема да работам за друг.

Нека и молерај ама работете за себе.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 240
Одг: Вработување
« Одговори #4622 на: 26 Јули 2023, 11:30:06 am »
Алкалоид квартално објавува оглас за обновување на база на податоци. Кога ќе се исцрпи базата, има оглас или интерен оглас во рамки на фирмата.

На страната на Алкалоид, имаш подмени кариера.

https://career.alkaloid.com.mk/career_opportunities

Таму можеш да видиш активни огласи, или да си направиш профил за во базата на кандидати. Откако ќе завршиш со внесување податоци, самата страна ти генерира CV, и автоматски си во игра.

Јас можам само да кажам дека работници за во производство требаат практично цело време. Особено машки.

Бар за оваа позиција шансите да се вработиш се огромни.



Абе има луѓе да прашаш, ќе ти речат дека е далеку од саглам.

Еве, без разлика што се работи за таква компанија, пак има недостиг на работници во производство.

Зашто е тоа така, ако компанијата е ОК?

Младината е килава...

Сакаат одма повисока плата од некој што е таму 15 години, не трпат авторитет, свилени се и нежни...



Алкалоид, жена ми е таму веќе 13 години,  си има соодветен систем за унапредување. Ако си бараба нема да ти одговара сигурно.

Се си е транспарентно, бодовен систем, се како што треба.

Е сеа напорно е, ама имаш доста бенефити, башка посигурна фирма во Македонија - амин.

Тоа е тоа. Исто, 13 и пол години сум таму, невестата скоро 12, имаше времиња кога беше стварно невозможно да се вработиш, сега е многу олеснет целиот процес. Башка, подобро е од порано во секој поглед, на страна еден куп новини кои се најавуваат...

Луѓето се генерално задоволни, освен нели оној мал процент што секогаш ќе мрчи... Ама па не можеш на секого да удоволиш...

Sent from my Xiaomi 12x

Ептен ми е мило што имате позитивни искуство но реалноста на Алкалоид не е таа и компанијата не е истата од пред 5 години а да не збориме повеќе. Впечатокот е дека во моментов има едно генерализирано незадоволство и недостаток на кадар поради истото. Turnover на кадар е еден од поважните критериум за задоволство/незадоволство во компанијата и истиот е прилично голем. Во последните 8 години има ~ 150-250 нови вработувања годишно (што би рекло 1200 - 2000) додека вкупниот прираст на комапнијата е ~400 вработени во истиот период. Тоа би рекло дека во тој период компанијата ја напуштиле 800 -1600 вработени. Да потсетам, пред 8 години компанијата имала околку 1600 вработени во МК додека денес има околу 2000.

Реалноста? Мојата реалност е скроз друга... Работиш во Алкалоид? Која служба?

Се ова фино што го кажуваш... Ама го забораваш моментот дека 70% од луѓето што го имаат напуштено Алкалоид во последниве 10 години се технолошки вишок и пензионери... Така да, математикава ти паѓа у вода у старт.

Поголем процент од остатокот што го имаат напуштено Алкалоид се кадар со високо образование, отишле да работат надвор од Македонија.

Ако имаш пристап до толку информации, прашај која е причината за напуштање наведена на излезно интервју на луѓето што си отишле поради други причини, различни од гореспомененатите? Ќе бидеш изненаден кога ќе видиш дека не е МАЛА ПЛАТА, него нешто сосема друго...

Пред 13 години, едвај 10% од вработените беа млад кадар, а сега е тотално спротивно... Едвај 10% од вработените се луѓе на неколку години до пензија.

Не знам од кај ги вадиш бројките, само не ти се баш точни.

Незадоволство имало, и ќе има. Не само во Алкалоид - секаде. Особено со денешниот подмладок што лета у облаци, а нема никаква работна етика...

Sent from my Xiaomi 12x

Управна зграда, но не би наведувал сектор. Бројките се тие,  до кои сум имал пристап. И не е точно дека мнозинството е технолошки вишок (т.е. тоа е само технички, реалната причина е пензионирање), баш напротив, млад, способен и конкурентен кадар ја напушти компанијата поради она што го спомна Дуле погоре (Менаџментот на фирмите е останат со менталитет у југославија и очекуваат младите да размислуваат како нив) како и поставувањето на позиции раководители и менаџерчиња чија единствена квалификација е или врски или бидување на обичен климач илити useful idiot. Само во мое потесно професионално опкружување во последните 3 години си отидоа 7 луѓе (од вкупно 10 вработени) на возраст од 32 - 37 години. 2 од овие 7 се ненадоместливи загуби во квалитет. Во мојот поранешен оддел од Управна зграда исто така си имаат отидено преку 50% од луѓето, 99% на истата возраст (32-40 г.) и само 3 случаи на пензионирање. Треба да се распрашаш колку луѓе си отидоа од Контрола, Развој, УЗ за да ја имаш целата слика. Вака искуството од твојот оддел сметаш дека е омниапликативно а не е. Коренот на незадоволство лежи во 2018 и крупната реорганизација. Од тогаш наваму е се во слободен пад, буквално. Што се однесува до платата, кога се вработив во Алкалоид просекот на почетна плата во моја професија беше 15 000 додека во Алкалоид за истата професија 25 000. Денес, почетна плата за иста професија надвор е 35 000 а во Алкалоид 31 000.

Имаме доста различни информации. Многу поубаво сум запознаен (од што мислиш) со тоа како стојат стварите општо во фабриката. Работата е што вработените во управна зграда, немаат никаква идеа што се случува во производство (на пример).

Управна зграда е пренатрупана. Нема веќе каде да се седи на некои од спратовите. Верувам дека многу од луѓето таму се само бројка (со чесни исклучоци што работат и за овие другите), па можеби и затоа различната перцепција на 2 различни "реалности".

Тоа е тоа, само тие луѓе што ги набројуваш (еве од УЗ, контрола) се многу мал процент од тие бројки што ги спомна претходно. Знам и сигурен сум дека повеќето од тие загуби се надоместени, повеќето и соодветно. А цифрите што ти ги спомна, се на ниво на фабрика, а не на тие неколку оддели. Мнозинството од луѓето што си одат се од производство. Или луѓе за у пензија, или млади кои дошле, работеле 3 - 6 месеци, на прва инспекција потфрлиле, им се испонашал шефот и си отишле.

Причина за напуштање секогаш има, и ќе има. Само кај секого се различни. Не се секогаш за оправдување, а некогаш напротив - се за охрабрување.

Контрола, развој - повеќето што напуштија отидоа надвор од Македонија, и тоа често ради работни обврски на партнерот (збориме за ВСС). А не дека не биле незадоволни од платата (врти - сучи, се околу платата се врти).

Мојот муабет се сведува генерално на луѓето од произодство, кое како сектор е најмалце платено, и владее најголемо незадоволство (процентуално).

Како и да е, пак ќе кажам, ако ги видиш исказите на сите тие луѓе што си отидоа, во излезните интервјуа, на малкумина причината е плата...

Мнозинството се отидени поради меѓуколегијални односи, релации со понискиот менаџмент и слично... Високиот менаџмент од друга страна, е многу свесен за тоа што се случува, и како што знаеш, бара упорно механизми и начини како да ги подобри работите. Посебно во производство.

Конкретно, твојата професија, можеби е пониско платена од други фирми, за некој мал процент, ама не ја гледаш големата слика? Стабилноста на фирмата, бонуси, награди, регреси, новогодишни бонуси, приватно здраствено, платени отсуства и тестирања без пари за коронава (на пример), работа од дома, дообразување и специјализации на сметка на фирма, бенефити за деца на вработени, дивиденда, храна, превоз итн итн... Покачување на плата у последните 2 години по колку денари од бод и слично... Ако е подобро на друго место, зашто не си отишол таму да работиш? Него на крај пак испаѓа работата дека иако има незадоволство, процентот на истото е мноооооооооогу помал наспроти на тие што се задоволни (од икс причини) и сеуште се таму и работат во Алкалоид. Стави на кантар се, измери, па пресечи... Не е се во платата, нели зборевме и за квалитет на живеење... Многу од овие горе набројани работи го подобруваат истиот, а не се плата.

И кога мислам на "денешната младина", се извинувам, генерализирав претходно... Мислам на поголемиот дел од истата која најчесто е некомпетентна, а се преценува... И тука има мнооогу често позитивни исклучоци.

Факт е дека не е се розево (конкретно во Алкалоид) како што надворешниот свет има слика... Ама е далеку од толку мрачно како што некој го претставува.

Мислам дека немам што повеќе да кажам, и ова што го кажав е премногу.

На страна сите муабети, ако е некој заинтересиран да работи во Алкалоид, радо би дал се од себе да го колку - толку упатам, информирам или било како да му помогнам околу целиот тој процес.

Sent from my Xiaomi 12x

Пак ќе кажам, бројките кои ги кажуваш се шпекулативни и не се точни. На пример за минималната плата, најнизок број на бодови во Алкалоид е 425. До Јуни 2023 овие луѓе земаа плата 19 125, а со покачувањето на вредноста на бодот во моментов земаат 20 400.
На тема плата и зошто не си одам, тоа што јас можеби земам соодветна плата и сум задоволен со она што го добивам не значи дека не ги следам состојбите кај колегите во одделот, пријатели од други оддели а и на генерално ниво. Затоа и ја пренесувам реалноста, за да знаат заинтересираните дека иако има задоволни поединци (јас или ти на пример) сепак генералната состојба не е на задоволително ниво и истата е прилично урнисана во споредба со онаа до пред 3 години. Инаку не можеш да кажеш си одат во странство ама не заради плата. Баш напротив, 70 - 80% од тие што одат во странство одат баш поради повисоки плати додека остатокот поради разноразни менаџерчиња, меѓучовечки односи и неможноста за кариерен напредок. А овие работи не можат да се средат со додавање на уште повеќе нивоа на репортирање и поставување на дополнителни менаџерчиња кои репортираат на менаџерчиња над нив. Баш напротив, работите се влошуваат. Освен ако си токму еден од овие менаџерчиња.

П.с. Со оглед дека ги знаеш луѓето и состојбите во компанијата а и подолго од мене си на форумов, ми се чини имаше еден вработен кој тука (а и на други место по нетов) го имаше ставено службениот Самсунг телефон на продажба па поради него еден период беше запрено доделувањето на службени телефони. Или можеби грешам?

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Вработување
« Одговори #4623 на: 26 Јули 2023, 12:12:54 pm »
@aronmacedon

Еве вака...  На пример, 425 бода е ставка која постои во Алкалоид само на папир. Од последниот апдејт на законот за минимална плата на ниво на држава (кога беше, годинава или лани), ниту еден ново вработен во Алкалоид не е вработен со ставка 425 бода, туку, 450 (минимум). Значи такви луѓе за кои збориш, нема. Што значи минимумот е 21.600, а со покачувањето на бодовите од денес, и повеќе.

Ти си знаеш што и како. Не знам како стојат работите по регулаторни, или продажби... Ама , јас тврдам, дека процентуално незадоволните се многу помалку на број одколку задоволните. Ти кажуваш дека луѓето што си одат дека си одат заради плата, ама истите тие луѓе во излезно интервју наведуваат друга причина... Која ќе ја земеме за веродостојна?

Факт е дека измислувањето на еден куп други менаџерски позиции нема да подобри ништо, така си е. Само тие се измислени за да затнат нечија уста. Така било, и ќе биде. Секаде, а и кај нас. За некои луѓе или група на луѓе Алкалоид ти е подобар и од државна администрација.

За службените телефони, никогаш не престанало да се дава. Секогаш се давало, можеби има одредени моменти кога е дефицит за телефони од некои групи на корисници. Како на пример, во моментов, за најниската категорија на корисници ( телефон до 12 или 14к), телефони нема (можеш и сам да прашаш, ако сакаш да се увериш). И нема да има до Ноември. Додека за наредната категорија, има сеуште на лагер. Се зависи од претпоставениот на одделот колку е реално заангажиран на таа тема. Телефони, како такви, не се раздолжуваат, и следуваат по правило на секои 3 години (верувам дека ова го знаеш), а дел од вработените зимаат дури и пред да поминат тие 3 години. Голем дел од вработените ги продаваат телефоните, некои одма (неотпакувани), а некои подоцна. Конкретно има луѓе што не работат во Алкалоид, а се врзани со некој кој не сака да го користи телефонот кој му е доделен, ги продаваат истите телефони ( со вредност и над 500-600 евра ) на луѓе надвор од фабрика. Ништо ново. Тоа е така со години.
« Последно менување: 26 Јули 2023, 12:20:08 pm KaZaN »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Вработување
« Одговори #4624 на: 30 Јули 2023, 09:48:07 am »
A da zema 2000 eu plata lud su da zamina. Mnogu poznanici shto rabotat gemanina bi se vratile i za 1000 eu plata ove, ne pa za 2000.
A ne deka ozboruvanna, zavist, krioglednost, ad hominem napadi nemat i sransvo.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Вработување
« Одговори #4625 на: 17 Ноември 2023, 01:45:13 am »
Колеги, дали имате искуство од прва или втора рака со Фибернет како работодавач? Секако и ПП одговори се прифатливи доколку не сакате јавно.

Каков однос имаат кон вработени, има ли реална шанса за напредок?

Прашувам за блиски луѓе кои се заинтересирани па секоја информација е од помош.

Отсутен stanzli

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 143
Одг: Вработување
« Одговори #4626 на: 23 Ноември 2023, 08:37:55 am »
Nekoj info okolu rimac, kako se so plata

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #4627 на: 23 Ноември 2023, 08:45:27 am »
1460eur им е просечна плата во Римак. Просечна во државата е 1156 еур. Значи околу 25% над просечната во државата.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2001
Одг: Вработување
« Одговори #4628 на: 23 Ноември 2023, 09:42:39 am »
Имавме и член мислам таму што работи ако не се лажам

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14714
Одг: Вработување
« Одговори #4629 на: 23 Ноември 2023, 09:44:22 am »
Nekoj info okolu rimac, kako se so plata

@DimitarMK да се јави на рецепција :)


Од „чаршиски“ мубаети, не слушам добри работи за Римац. Ниски плати, Мате забегувал на моменти.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Вработување
« Одговори #4630 на: 23 Ноември 2023, 11:19:53 am »
Како мислиш забегал? Да имаш толкав број луѓе под тебе, секој ќе забега.
И по нашиве фабрики, кој како сака тера. Тим од 10 луѓе, 5работат турбо, 5 легачат. Ама знаат од кадрово, дека нема луѓе, и ќутат.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Вработување
« Одговори #4631 на: 23 Ноември 2023, 12:10:43 pm »
Nekoj info okolu rimac, kako se so plata

@DimitarMK да се јави на рецепција :)


Од „чаршиски“ мубаети, не слушам добри работи за Римац. Ниски плати, Мате забегувал на моменти.
da ne e bil zabegan rimac kje beshe mehanicarska radionica xD

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 817
  • The best or nothing.
Одг: Вработување
« Одговори #4632 на: 14 Декември 2023, 21:07:00 pm »
Клабери, има ли некој вработен или работел во некоја од фабриките во индустриска зона Бунарџик?
Од јануари сакам да почнам со работа, ама немам никаква информација, освен неколку "муабети" од другари, кои не се задоволни од Кромберг, што заради ниска плата, што заради работа во 3 смени и дрски шефови на смена. За жал не сум во можност приватно ништо да работам, а сакам да стажирам механика, ама тоа е.
Работа во маркети и на каса, не ме интересира повеќе...
Од огласите што ги пратам, отворени работни позиции има во Hi-tech, Vanhool, Draxlmaier (ме плаши патот ск-кавадарци).
Ако имате било каква информација, споделете тука или во пп.
Платите се тие, 24к и не бегам од нив, верувам кој колку е способен и учи, може да напредува.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5208
Одг: Вработување
« Одговори #4633 на: 14 Декември 2023, 21:18:21 pm »
Клабери, има ли некој вработен или работел во некоја од фабриките во индустриска зона Бунарџик?
Од јануари сакам да почнам со работа, ама немам никаква информација, освен неколку "муабети" од другари, кои не се задоволни од Кромберг, што заради ниска плата, што заради работа во 3 смени и дрски шефови на смена. За жал не сум во можност приватно ништо да работам, а сакам да стажирам механика, ама тоа е.
Работа во маркети и на каса, не ме интересира повеќе...
Од огласите што ги пратам, отворени работни позиции има во Hi-tech, Vanhool, Draxlmaier (ме плаши патот ск-кавадарци).
Ако имате било каква информација, споделете тука или во пп.
Платите се тие, 24к и не бегам од нив, верувам кој колку е способен и учи, може да напредува.
Mehanika na sto, kakva? Moze ke najdeme negde da te brcneme da ucis.

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Вработување
« Одговори #4634 на: 15 Декември 2023, 07:15:38 am »
Ја сум чул дека во кромберг платите биле околу 50000, доста велешани отидоа таму на работа


Sent from my iPhone using Tapatalk