Алкалоид квартално објавува оглас за обновување на база на податоци. Кога ќе се исцрпи базата, има оглас или интерен оглас во рамки на фирмата.
На страната на Алкалоид, имаш подмени кариера.
https://career.alkaloid.com.mk/career_opportunities
Таму можеш да видиш активни огласи, или да си направиш профил за во базата на кандидати. Откако ќе завршиш со внесување податоци, самата страна ти генерира CV, и автоматски си во игра.
Јас можам само да кажам дека работници за во производство требаат практично цело време. Особено машки.
Бар за оваа позиција шансите да се вработиш се огромни.
Абе има луѓе да прашаш, ќе ти речат дека е далеку од саглам.
Еве, без разлика што се работи за таква компанија, пак има недостиг на работници во производство.
Зашто е тоа така, ако компанијата е ОК?
Младината е килава...
Сакаат одма повисока плата од некој што е таму 15 години, не трпат авторитет, свилени се и нежни...
Алкалоид, жена ми е таму веќе 13 години, си има соодветен систем за унапредување. Ако си бараба нема да ти одговара сигурно.
Се си е транспарентно, бодовен систем, се како што треба.
Е сеа напорно е, ама имаш доста бенефити, башка посигурна фирма во Македонија - амин.
Тоа е тоа. Исто, 13 и пол години сум таму, невестата скоро 12, имаше времиња кога беше стварно невозможно да се вработиш, сега е многу олеснет целиот процес. Башка, подобро е од порано во секој поглед, на страна еден куп новини кои се најавуваат...
Луѓето се генерално задоволни, освен нели оној мал процент што секогаш ќе мрчи... Ама па не можеш на секого да удоволиш...
Sent from my Xiaomi 12x
Ептен ми е мило што имате позитивни искуство но реалноста на Алкалоид не е таа и компанијата не е истата од пред 5 години а да не збориме повеќе. Впечатокот е дека во моментов има едно генерализирано незадоволство и недостаток на кадар поради истото. Turnover на кадар е еден од поважните критериум за задоволство/незадоволство во компанијата и истиот е прилично голем. Во последните 8 години има ~ 150-250 нови вработувања годишно (што би рекло 1200 - 2000) додека вкупниот прираст на комапнијата е ~400 вработени во истиот период. Тоа би рекло дека во тој период компанијата ја напуштиле 800 -1600 вработени. Да потсетам, пред 8 години компанијата имала околку 1600 вработени во МК додека денес има околу 2000.
Реалноста? Мојата реалност е скроз друга... Работиш во Алкалоид? Која служба?
Се ова фино што го кажуваш... Ама го забораваш моментот дека 70% од луѓето што го имаат напуштено Алкалоид во последниве 10 години се технолошки вишок и пензионери... Така да, математикава ти паѓа у вода у старт.
Поголем процент од остатокот што го имаат напуштено Алкалоид се кадар со високо образование, отишле да работат надвор од Македонија.
Ако имаш пристап до толку информации, прашај која е причината за напуштање наведена на излезно интервју на луѓето што си отишле поради други причини, различни од гореспомененатите? Ќе бидеш изненаден кога ќе видиш дека не е МАЛА ПЛАТА, него нешто сосема друго...
Пред 13 години, едвај 10% од вработените беа млад кадар, а сега е тотално спротивно... Едвај 10% од вработените се луѓе на неколку години до пензија.
Не знам од кај ги вадиш бројките, само не ти се баш точни.
Незадоволство имало, и ќе има. Не само во Алкалоид - секаде. Особено со денешниот подмладок што лета у облаци, а нема никаква работна етика...
Sent from my Xiaomi 12x
Управна зграда, но не би наведувал сектор. Бројките се тие, до кои сум имал пристап. И не е точно дека мнозинството е технолошки вишок (т.е. тоа е само технички, реалната причина е пензионирање), баш напротив, млад, способен и конкурентен кадар ја напушти компанијата поради она што го спомна Дуле погоре (Менаџментот на фирмите е останат со менталитет у југославија и очекуваат младите да размислуваат како нив) како и поставувањето на позиции раководители и менаџерчиња чија единствена квалификација е или врски или бидување на обичен климач илити useful idiot. Само во мое потесно професионално опкружување во последните 3 години си отидоа 7 луѓе (од вкупно 10 вработени) на возраст од 32 - 37 години. 2 од овие 7 се ненадоместливи загуби во квалитет. Во мојот поранешен оддел од Управна зграда исто така си имаат отидено преку 50% од луѓето, 99% на истата возраст (32-40 г.) и само 3 случаи на пензионирање. Треба да се распрашаш колку луѓе си отидоа од Контрола, Развој, УЗ за да ја имаш целата слика. Вака искуството од твојот оддел сметаш дека е омниапликативно а не е. Коренот на незадоволство лежи во 2018 и крупната реорганизација. Од тогаш наваму е се во слободен пад, буквално. Што се однесува до платата, кога се вработив во Алкалоид просекот на почетна плата во моја професија беше 15 000 додека во Алкалоид за истата професија 25 000. Денес, почетна плата за иста професија надвор е 35 000 а во Алкалоид 31 000.
Имаме доста различни информации. Многу поубаво сум запознаен (од што мислиш) со тоа како стојат стварите општо во фабриката. Работата е што вработените во управна зграда, немаат никаква идеа што се случува во производство (на пример).
Управна зграда е пренатрупана. Нема веќе каде да се седи на некои од спратовите. Верувам дека многу од луѓето таму се само бројка (со чесни исклучоци што работат и за овие другите), па можеби и затоа различната перцепција на 2 различни "реалности".
Тоа е тоа, само тие луѓе што ги набројуваш (еве од УЗ, контрола) се многу мал процент од тие бројки што ги спомна претходно. Знам и сигурен сум дека повеќето од тие загуби се надоместени, повеќето и соодветно. А цифрите што ти ги спомна, се на ниво на фабрика, а не на тие неколку оддели. Мнозинството од луѓето што си одат се од производство. Или луѓе за у пензија, или млади кои дошле, работеле 3 - 6 месеци, на прва инспекција потфрлиле, им се испонашал шефот и си отишле.
Причина за напуштање секогаш има, и ќе има. Само кај секого се различни. Не се секогаш за оправдување, а некогаш напротив - се за охрабрување.
Контрола, развој - повеќето што напуштија отидоа надвор од Македонија, и тоа често ради работни обврски на партнерот (збориме за ВСС). А не дека не биле незадоволни од платата (врти - сучи, се околу платата се врти).
Мојот муабет се сведува генерално на луѓето од произодство, кое како сектор е најмалце платено, и владее најголемо незадоволство (процентуално).
Како и да е, пак ќе кажам, ако ги видиш исказите на сите тие луѓе што си отидоа, во излезните интервјуа, на малкумина причината е плата...
Мнозинството се отидени поради меѓуколегијални односи, релации со понискиот менаџмент и слично... Високиот менаџмент од друга страна, е многу свесен за тоа што се случува, и како што знаеш, бара упорно механизми и начини како да ги подобри работите. Посебно во производство.
Конкретно, твојата професија, можеби е пониско платена од други фирми, за некој мал процент, ама не ја гледаш големата слика? Стабилноста на фирмата, бонуси, награди, регреси, новогодишни бонуси, приватно здраствено, платени отсуства и тестирања без пари за коронава (на пример), работа од дома, дообразување и специјализации на сметка на фирма, бенефити за деца на вработени, дивиденда, храна, превоз итн итн... Покачување на плата у последните 2 години по колку денари од бод и слично... Ако е подобро на друго место, зашто не си отишол таму да работиш? Него на крај пак испаѓа работата дека иако има незадоволство, процентот на истото е мноооооооооогу помал наспроти на тие што се задоволни (од икс причини) и сеуште се таму и работат во Алкалоид. Стави на кантар се, измери, па пресечи... Не е се во платата, нели зборевме и за квалитет на живеење... Многу од овие горе набројани работи го подобруваат истиот, а не се плата.
И кога мислам на "денешната младина", се извинувам, генерализирав претходно... Мислам на поголемиот дел од истата која најчесто е некомпетентна, а се преценува... И тука има мнооогу често позитивни исклучоци.
Факт е дека не е се розево (конкретно во Алкалоид) како што надворешниот свет има слика... Ама е далеку од толку мрачно како што некој го претставува.
Мислам дека немам што повеќе да кажам, и ова што го кажав е премногу.
На страна сите муабети, ако е некој заинтересиран да работи во Алкалоид, радо би дал се од себе да го колку - толку упатам, информирам или било како да му помогнам околу целиот тој процес.
Sent from my Xiaomi 12x