Со моменталните цени не треба да се прифаќа плата под 40.000 ден.
Јас сум во Алма М, често бараат работници, не знам што им е на сите што доаѓаат и си одат.
Кружат муабети дека се фирма кој на вработените им прави најголем притисок, но не е така.
Во канцеларии посебно е како државно.
Шофери земаат по 35.000, а комерцијалисти од 40.000-60.000ден.
И за Нелт има исто муабети дека прават притисок, па земаат добри плати.
Топ 10 се со Алма М, Атлантик, Витаминка, Скопска пивара, Подравка,...
Секаде треба да работиш за да земеш пари. Приватна фирма со свои стандарди, ако ти одговара ќе ги почитуваш ако не оди си.
Ако работиш како што треба тогаш нема никаков притисок, а овие новите се си мислам дека сакаат лесно да земат плата, малку ќе им направат притисок, ќе им побараат нешто и ајде отказ.
Јас сум задоволен, прва смена пон до петок, празник никако, одмор 4 недели.
За време на работа кога сакаш јадеш, пиеш, користиш телефон, слобода има, најважно да си ја завршиш работата да не ти дишат во врат на крај.
Има проблеми како и секоја работа, но да не се сфаќаат сериозно, не оди се подмачкано.
Кога ќе си ја организираш работата се и завршиш на време се осеќаш како во државна администрација.
Но, многу гледам дека се слаби со организација на време и се мачат, се нервираат итн.
Sent from my SM-A528B using Tapatalk