За помлади кои сакаат "канцелариска" работа пуштете CV на Taskforce BPO, почетна плата во одредени сектори е 26000 денари, но за кратко време се добива покачување на платата и се стигнува до 35000 и повеќе. Има работна позиција само трета смена каде платата е 45000. Се работи за америчка компанија, односно нешто како call center (поточно customer care) каде што на клиентите им помагаш да ги решат своите проблеми(закажуваш термини најчесто) во гранката на insurance, healthcare и слично во зависност од твојата работна позиција. Работиш 7 часа на ден и имаш неколку паузи, од кои една голема) и вкупно сѐ на сѐ имаш 1 час пауза. Имаш два слободни дена во седмицата, односно работиш 5 дена и 2 дена имаш слободни. Македонските празници ги работиш и си платен празнично, а америчките празници(ги има повеќе отколку македонските државни) не ги работиш и имаш слободен ден. Задолжително е средно образование и добро познавање на англиски јазик. Првиот месец поминува во обука и учење неколку фрази на англиски јазик и е платена од 24-26 илјади денари. Седиштето на фирмата е во Битола, но се распоредени во повеќе градови - Прилеп(неколку км од Прилеп), Скопје, Велес, Куманово, Кавадарци, Штип, Струга...
Препорачливо е за тој што сака да седи пред компјутер и да не работи физичка работа и да биди еднаков со останатите.