еднаш мислев дека веќе влеговме во дискусија јас, ти и присутните на пиво кога бевме... дискусијата начелно се водеше околу тоа дали треба да се оддаде почит на возило:
-кое индивидуално на секого му се свиѓа по дизајн
-кое има “страшни“ перформанси
-или и двете
по логика е дека ако би купил кола која има НАЈ НАЈ НАЈ перформанси на свет, али е ружна како блатоно во кое се бањаат свињи, ич нема да ми чуе ако сум го купил за да се тркам само и да праам пари... меѓутоа ако ми е за секојдневно возење и користење, џабе му се тие НАЈ НАЈ НАЈ перформанси, ако на дизајн не ми се свиѓа...
значи, изгледот и вкусот за убавина/дизајн на возила како ентериерно, така и екстериерно е исклучиво по лично видување и индивидуално гледиште/вкус... тоа што мене ми се свиѓа, тебе не и обратно... за разлика од снагата/јачината на машина и перформанси, каде што СИТЕ СЕ СЛОЖНИ околу тоа, бидејки има репер и правец што е ок а што не, за дизајнот веќе нема правило.. може да има само нешто што ПОВЕЌЕТО им се свиѓа, но не е правило...
така и вејронов.. со ваков дизајн или многу ти се свиѓа или не ти се свиѓа воопшто... средина нема. никој нема да рече дека вејронот е возило ВООБИЧАЕНО, затоа што секој еден има сенс за невообичаено, каков што е дизајнот на ова возило. па така, според мене, јас би го употребил за трки... али за секојдневно возење, не... одвратен ми е...
Мешаш почит и допаѓање. Тотално различни работи.
Набрзина само ќе се обидам да објаснам зошто
според мене Вејронот заслужува почит, без оглед на дизајнот.
Значи.. Имаме возило со 8-литарски W16. Тој мотор во првиот Вејрон испорачува 1000 коњски сили, во Veyron Supersport испорачува ~1200 коњски сили. Моторот
од самиот почеток е предвиден да ги испорачува тие коњски сили.
Е сега.. Кога Ferdinand Piech (доскорешниот монарх во VW и all-around annoying prick) го најави Veyron, побарал од инженерите четири работи:
1. Колата да оди од 0 до 100 за помалку од 3 секунди
2. Колата да може да постигне 400 километри на час.
3. Колата да има 1000 коњски сили.
4. Да може со колата да оди на опера.
Првите три работи не се проблем. Секој може на овој-или-оној начин да ги добие тие перформанси. Фрли доволно пари, ќе го добиеш тоа. Ама последното барање е оноа што е уствари тешко. Да имаш кола што ќе ги има сите овие перформанси и карактеристики, и да можеш да отидеш на опера/вечера/штоидае со неа. Во одело, како господин човек. Ден за ден, колку сакаш пати.
Таа комбинација од блесави перформанси (10 години по лансирање на Вејрон, на една рака се бројат колите што имаат подобри перформанси) и лесно секојдневно користење е она што го прави Вејрон достоен за почит. И да не ти се свиѓа визуелно, мораш да го почитуваш инженерскиот труд и успех да се донесе на пазарот кола што може да ги комбинира тие две работи.
Страва е вејронот. Објект кој е толку напреден во својата категорија што нема да е надминат веројатно додека не му искочи наследникот. Мир, спокој, растеретеност, елеганција, и сето тоа при брзини над 400кмч. Тешко е тоа да се сфати од просечниот граѓанин.
Тоа, тоа.
Вејрон не е кола на која што се гледа со разум. Вејрон е кола за која што не ти требаат никакви оправдувања, ниту пак треба да се водат вакви дискусии. Вејрон е кола што само вистинските љубители на автомобилите ја разбираат. Може да не ти е по ќејф, може да имаш 100 милиони на сметка и пак не би ја купил, ама мора да се почитува.
I'm glad we agree.