Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 740801 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4095 на: 19 Јули 2026, 21:00:24 pm »
Што се однесува делот кој беше најлош мегу Лагово и Тополчани, закрпен е.

Внимавај после раскрсницата за Алинци и Веселчани, уште тие беа изгребани за санација, па при враќање назад на здрав коловоз да не оштетиш гума. Ама тоа е неполн километар.

Иначе претходно сите тие кратери што ги имаше се средени.

По она што го видов, ок е засега.

А плетвар делот од каменоломот па до последно искачување ти реков, само не вози во колотразите освен кога се разминуваш и тоа е тоа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8359
  • Плинаш!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4096 на: 19 Јули 2026, 22:14:44 pm »
Има време, ќе размислам до сабота. Посекако и од двете страни нема толку лош пат за возење, по ова што го кажуваш.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7433
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4097 на: 20 Јули 2026, 00:52:01 am »
Има време, ќе размислам до сабота. Посекако и од двете страни нема толку лош пат за возење, по ова што го кажуваш.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk
Јас за Љубаништа терам строго преку Битола па Галичица. Подобро ти е до Крани. Преку Стража имаш 2-3 семафори за чекање.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8359
  • Плинаш!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4098 на: 20 Јули 2026, 07:20:36 am »
Пак има семафори? Нели ги тргнаа?

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4399
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4099 на: 20 Јули 2026, 07:39:56 am »
Преку Битола имаш два превои за качување, Плетвар и Ѓавато.

Преку Охрид се три.

Внимавај низ Преспа, често има полиција особено каде што е ограничено 50кмч. Пример делот од Макази до Претор.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2566
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4100 на: 20 Јули 2026, 08:07:03 am »
Има време, ќе размислам до сабота. Посекако и од двете страни нема толку лош пат за возење, по ова што го кажуваш.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk
Јас за Љубаништа терам строго преку Битола па Галичица. Подобро ти е до Крани. Преку Стража имаш 2-3 семафори за чекање.

Освен семафорот кај Гостивар, во вторникот кога одев и се враќав од Кичево немаше други семафори

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7433
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4101 на: 20 Јули 2026, 08:10:26 am »
Добро е, ги тргнале пред сезона.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8359
  • Плинаш!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4102 на: 20 Јули 2026, 11:48:46 am »
Значи пак има еден семафор. Превоите не се проблем, битно е да се движи сообраќајот.
А за накај претор знам, стално има таму полиција, патот убав (барем беше) а само 50 дозволено.
Дефинитивно ќе одам преку велес-прилеп-битола.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1930
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4103 на: 27 Јули 2026, 15:52:25 pm »
На експресниот пат Градско - Прилеп има нови обележувања и знаци од пред 2-3 дена. Сега може да се претекнува на деловите каде што е едносмерен патот.

Нема повеќе потреба од лента за застанување. Најверојатно ќе снимат ново видео за да ни објаснат како треба да се вози.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2566
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4104 на: 27 Јули 2026, 16:00:08 pm »
На експресниот пат Градско - Прилеп има нови обележувања и знаци од пред 2-3 дена. Сега може да се претекнува на деловите каде што е едносмерен патот.

Нема повеќе потреба од лента за застанување. Најверојатно ќе снимат ново видео за да ни објаснат како треба да се вози.

Изгледа има некој клабер што работи таму и чита што се зборува.  ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4695
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4105 на: 27 Јули 2026, 22:23:15 pm »
Се надевам дека сега ќе е подобро, зашто кога го возев пред 2-3 недели хоризонталната сигнализација беше катастрофа. А патот пред Плетвар од Градско кога идеш е невидеш крш.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8359
  • Плинаш!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4106 на: 27 Јули 2026, 23:17:35 pm »
Јас во саботата поминав и баш се чудев што зборувате на форумов, баш убаво е обележано, а тоа ја менувале сигнализацијата.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk