Да пријавам 2 проблеми со квалитетот на VW:
1. Држачите за раце (горните), никогаш не се користат, али еднаш ќерка ми ја потегна рачката да се фати, се откачи федерче едно, и сега не се враќа нагоре. После некое време на сувозачкото место потполно истиот проблем. Ги имам и двете федерчиња и платиката околу која се става, ама местењето назад е многу пипава работа и не знам дали ќе успеам да ги наместам назад. Ако не, ќе земам половен цел дел и ќе го сменам, тоа е полесно.
2. Додека бевме во Скопје, престана да функционира дуплиот клик за прозорите на возачката врата, ама само за левите. Како да е нешто или скршено или се има откачено. Едноставно го нема тој втор клик. Ќе треба да видам со АИ како тоа функционира и дали се поправа или да го купам целото делче и само да го прештекам (би требало да е едноставно).
Не знам дали се ова чести проблеми или мене ми се погоди така. Колата има 116К км, 7 години е стара. Други заебанции со пластики и слично не сум имал, се надевам и овие 2 ќе ги решам, поготово тоа со копчињата за прозорите, зашто секојдневно тоа се користи.